Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

с
 
== За романот ==
Веднаш по нејзиното (анонимно) објавување, книгата доживеала голем успех и набргу следувале нови изданија, а таа била преведена на повеќе [[Јазик|јазици]]: до крајот на [[18 век]] се појавиле 15 француски и 12 англиски изданија. Под нејзиното влијание, многу луѓе се облекувале во стилот на Вертер (јавачки фрак со [[месинг]]ени копчиња, жолт елек високи чизми, итн.), го имитирале неговиот начин на живот, a странски [[Туризам|туристи]] доаѓале во [[Вецлар]] за да ги посетат местата во кои се случува дејството на романот. Сцени од романот се појавиле дури и во [[Кина]], насликани на [[порцелан]]. Дури и самиот Гете почнал да се облекува како Вертер, а дури и [[Вајмар|вајмарскиот]] војвода Карл Аугуст започнал да се облекува во тој стил, иако претходно луѓето ги нарекувал Гетеови [[Мајмун|мајмуни]]. Жените, пак, се облекувале во стилот на Лота: долг, бел фустан со висок струк, со куси ракави длабоко деколте, а таквата облека го нашла местото и во бројни илустрации. Најпосле, во тоа време биле забележани и неколку [[Самоубиство|самоубиства]], а за да ги спречат честите самоубиства, во некои германски градови романот бил забранет.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо РацинаРацин, 1957, стр. 23-26.</ref>
 
Истовремено, како реакција на ова дело, се појавиле и неколку пародии, како и бројни остри критики. Така, критичарите му забележувале на Гете за спојувањето на мотивот на трагичната љубов со мотивот на повредената чест; што дозволил Лота без поговор да му го предаде пиштолот на слугата на Вертер; што го воздигнувал ликот на еден слаб човек-самоубиец итн.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 137.</ref> Романот бил остро критикуван од [[црква]]та, особено од двајва [[Свештенство|свештеници]], а кон нив се придружил и еден поранешен под[[офицер]]. Исто така, и рационалистот Николај остро го нападнал романот во својата пародија „[[Радостите на младиот Вертер]]“ (''Die Freuden des jungen Werthers''). Исто така, се појавиле бројни обиди за [[драма]]тизација на романот, а една од најуспешните драми се појавила во [[Швајцарија]], напишана на [[француски јазик]], со наслов „[[Неволјите на љубовта]]“ (''les malheurs de l'amour''). Оваа драма постигнала голема популарност и четирипати била преведена на [[германски јазик]]. Покрај неа, неколку комедиографи напишале фарси и [[Комедија|комедии]] посветени на Вертер, а неговиот лик го играле дури и во [[циркус]]ките претстави. Во 1886 година се појавила [[опера]]та на [[Жил Масне]], која доживеала голем успех. По повод стогодишнината од смртта на Гете се појавиле повеќе нови изданија, коментари и толкувања на романот, а тоа се случило и во 1949 година, кога била одбележана двестегодишнината од раѓањето на Гете. Најпосле, како доказ за големото влијание на ова дело треба да се спомене и романот на [[Томас Ман]] со наслов „[[Лота во Вајмар]]“ (''Lotte im Weimar'').<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо РацинаРацин, 1957, стр. 26-27.</ref> Романот „Страдањата на младиот Вертер“ извршил големо влијание врз развојот на [[Романтизам|романтизмот]] чии дела биле преполни со вертеровската „светска болка“. Притоа, некои романтичарски дела, како „Рене“ на [[Шатобријан]] и „Последните писма на Јакопо Ортисо“ на Фосколо, биле напишани под непосредно влијание на „Страдањата на младиот Вертер“.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 138.</ref>
 
Како одговор на критичарите, Гете истакнувал дека уметничкото дело не може да биде штетно. Така, обраќајќи му се на еден англиски [[бискуп]], наведен во разговорот со Екерман од [[17 март]] [[1830]] година, Гете истакнал: „Кога веќе така зборувате за мојот кутар „Вертер“, тогаш како би требало да се зборува против насилниците кои со едне потег на перото испраќаат во [[војна]] сто илјади луѓе од кои ќе погинат осумдесет илјади и кои меѓусебно се поттикнуваат на убиство, палење и грабеж. Вие го фалите [[бог]]а по таквите настани и ја пеете Tedeum!... А барате писателот да ви поднесе сметка и сакате да фрлите проклетство на неговото дело само затоа што тоа, погрешно сфатено од неколку ограничени умови, во најлош случај го ослободил светот од малкумина глупаци и никаквеци!... Тоа е значи злостроство, а што си дозволувате вие, свештениците и владетелите!... Зло би било ако една книга може да делува како нешто што е понеморално од самиот живот...“<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 137-138.</ref>