Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

→‎Инспирација: дополнување
(→‎Инспирација: дополнување)
(→‎Инспирација: дополнување)
 
== Инспирација ==
[[Книга]]та „Страдањата на младиот Вертер“ била објавена во [[1774]] година. Таа била напишана под влијание на делата на Ричардсон и [[Жан-Жак Русо|Русо]], но во неа се проткаени и бројни реални настани од животот на Гете, како: трагичната судбина на вецларскиот правник Ерусалим, кој извршил [[самоубиство]] во [[октомври]] [[1772]] година; [[љубов]]та на Гете кон Шарлота (Лота) Буф од [[мај]] до [[септември]] 1772 година, која во [[април]] [[1773]] година се омажила за неговиот пријател Кестнер; неговата следна љубов кон Максимилијана Ла Рош, која била омажена за љубоморниот БрентанБрентано итн. Всушност, самиот Гете постојано нагласувал дека во оваа книга ги внесол своите најинтимни чувства и поради тоа таа е единствено дело кое не може да се повтори.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-136.</ref> На пример, во својата [[автобиографија]] ''Dichting un Wahrheit'', Гете ги опишал своите самоубиствени намери, предизвикани од љубовта кон Лота Буф. Притоа, тој чувал остра кама крај својот кревет и секоја ноќ помислувал да ја зарие во своите гради. Според неговите зборови, „бидејќи ова мене никогаш не ми појдуваше од рака, јас најпосле се подбивав со себеси, ги исфрлив од главата сите бубачки и решив да живеам“.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 11.</ref> Од разговорот на Гете со Екерман воден на [[2 јануари]] [[1824]] година може да се заклучи дека намерата на Гете не била само да ги прикаже љубовните страдања на еден млад човек, туку неговите идеи се општи – недоволноста на [[човек]]от, сударот на човекот со [[природа]]та и со граѓанскиот поредок итн.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-138.</ref>
 
Опседнат со несреќната судбина на Ерусалим, Гете му напишал писмо на свршеникот на Лота Буф, Кестнер, замолувајќи го да му даде дополнителни податоци за случајот со самоубиството на младиот правник. Во текот на 1773 година, Гете планирал да ја обработи приказната за Вертер во облик на драмско дело, но потоа се премислил и решил да напише роман, под влијание на делата „Клариса“ на Ричардсон и „[[Нова Елојза]]“ на [[Жан Жак Русо]]. Во едно подоцнежно писмо, Гете го известил Кестнер дека работата на романот одела бавно. На патот од Вецлар во Франкфурт, во Еренбрајштајн, Гете ја запознал Максимилијана Ла Рош, во која веднаш се вљубил. Со неа повторно се сретнал на почетокот од следната година, кога таа пристигнала во [[Франкфурт]] како сопруга на богатиот [[Трговија|трговец]] Брентано. Максимилијана се грижела за децата на Брентано од неговиот прв [[брак]], а за време на честите посети на нивниот дом Гете ѝ ги читал своите поетски дела. Од оваа идила произлегле црните очи на Лота во „Страдањата на младиот Вертер“. Во 1774 година, Вертер ѝ напишал на Максимилијана дека решил целосно да го преработи романот, по што во рок од три месеци, тој го завршил делото.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 11-14.</ref>
 
== Содржина ==