Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

→‎Инспирација: дополнување
(→‎Инспирација: дополнување)
 
== Инспирација ==
[[Книга]]та „Страдањата на младиот Вертер“ била објавена во [[1774]] година. Таа била напишана под влијание на делата на Ричардсон и [[Жан-Жак Русо|Русо]], но во неа се проткаени и бројни реални настани од животот на Гете, како: трагичната судбина на вецларскиот правник Ерусалим, кој извршил [[самоубиство]] во [[октомври]] [[1772]] година; [[љубов]]та на Гете кон Шарлота (Лота) Буф од [[мај]] до [[септември]] 1772 година, која во [[април]] [[1773]] година се омажила за неговиот пријател Кестнер; неговата следна љубов кон Максимилијана Ла Рош, која била омажена за љубоморниот Брентан итн. Всушност, самиот Гете постојано нагласувал дека во оваа книга ги внесол своите најинтимни чувства и поради тоа таа е единствено дело кое не може да се повтори.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-136.</ref> На пример, во својата [[автобиографија]] ''Dichting un Wahrheit'', Гете ги опишал своите самоубиствени намери, предизвикани од љубовта кон Лота Буф. Притоа, тој чувал остра кама крај својот кревет и секоја ноќ помислувал да ја зарие во своите гради. Според неговите зборови, „бидејќи ова мене никогаш не ми појдуваше од рака, јас најпосле се подбивав со себеси, ги исфрлив од главата сите бубачки и решив да живеам“.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 11.</ref> Од разговорот на Гете со Екерман воден на [[2 јануари]] [[1824]] година може да се заклучи дека намерата на Гете не била само да ги прикаже љубовните страдања на еден млад човек, туку неговите идеи се општи – недоволноста на [[човек]]от, сударот на човекот со [[природа]]та и со граѓанскиот поредок итн.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-138.</ref>
 
Од разговорот на Гете со Екерман од [[2 јануари]] [[1824]] година може да се заклучи дека намерата на Гете не била само да ги прикаже љубовните страдања на еден млад човек, туку неговите идеи се општи – недоволноста на [[човек]]от, сударот на човекот со [[природа]]та и со граѓанскиот поредок итн.<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-138.</ref>
 
== Содржина ==