Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
→‎За романот: дополнување
Ред 25:
===Издавачот кон читателот===
Во овој дел, „издавачот“ на [[книга]]та ги раскажува последните денови кои претходеле на [[смрт]]та на Вертер при што одвреме-навреме, случките ги поткрепува со извадоци од неговите писма. Вертер сè повеќе тонел во [[Депресија (расположение)|депресија]], а неговите односи со Алберт се заостриле, бидејќи тој настојувал да го оддалечи Вертер од својата свршеница. Поради присуството на Вертер малку се влошиле и односите меѓу Лота и Алберт, бидејќи Лота била растргната меѓу [[љубов]]та и верноста кон сопругот и сочувството кон Вертер. При една средба, Лота побарала од Вертер да не ја посетува до [[Бадник]], а тогаш тој ја донесол одлуката да умре. Вертер не ја послушал нејзината молба и неочекувано ја посетил. На таа средба, тој ѝ читал поеми на Осијан, кои кај него и кај Лота предивикале силен впечаток. Тогаш, Вертер за првпат ја бакнал Лота, која избегала и се заклучила во својата соба. Растроениот Вертер се вратил во својот дом и вечерта го испратил слугата до домот на Лота, со молба до Алберт да му позајми [[пиштол]]. Токму Лота била таа која му го врачила пиштолот на слугата. На полноќ, Вертер си пукал во [[глава]]та, а изутрината го пронашле облеан во [[крв]], но сè уште со траги од [[живот]]. Сепак, на пладне, тој починал, а ноќта таткото на Лота го закопал меѓу две [[Липа|липи]], на местото коешто претходно го одредил Вертер.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 101-133.</ref>
 
==Ликови во романот==
* ''Вертер'' е млад човек со извонредни способности и со изразена чувствителност. Неговиот живот завршува трагично поради неговата несреќна [[љубов]], но за таквата судбина постојат и други причини, во прв ред, страдањето поради нездравиот и распуштен живот на тогашната [[аристократија]]. Иако Вертер е надарено момче, нему му недостасува практична работа во која би дошле до израз неговите способности. Неговото срце е благородно, а тој лесно пламнува и брзо се воодушевува, но исто така лесно запаѓа во болка и во тага. Често запаѓа во занес и притоа ја губи врската со реалноста, поради што доаѓа во судир со средината, а тој се повлекува во себе и енергијата ја троши во бескорисно анализирање на своето Јас. Неговото пропаѓање е психолошки подготвено и мотивирано. Во своите силни душевни кризи, тој не е способен да се оттргне од идеализираниот лик на Лота.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 20-22.</ref>
* ''Лота'' е мила девојка, добра ќерка, пожртвувана сестра и верна свршеница и сопруга. Таа за миг е поколебана од љубовниот занос на Вертер, но сепак, кај неа победува здравиот [[разум]]. Единствената сличност со Вертер е што и таа сака да чита книжевни дела со романтичен карактер.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 22-23.</ref>
* ''Алберт'' е свршеникот и сопругот на Лота. Тој е чесен, но малку здодевен и со ограничени сфаќања. Нему целосно му недостига романтичниот занес што е својствен на Вертер, т.е. тој има студена, рационална прирoда.<ref>Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, ''Страданијата на младиот Вертер''. Скопје: Кочо Рацина, 1957, стр. 23.</ref>
 
== За романот ==