Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 79:
Браќата Асен ([[Иван Асен I]]) и Петар ([[Теодор-Петар IV]]) пораснале во [[Мизија]] и кога биле доволно возрасни, појавиле загриженост за состојбата на бугарските земји кои постојано биле како воено поле во [[Тракија]] и [[Мизија]]. Двајцата браќа отишле кај византискиот император [[Исак II Ангел]] со молба да империјата им даде имот со кој тие би се преврнале во локални феудалци, подчинети на престолнината. На тоа, императорот им одговорил негативно, по кое двата браќа му се заканиле дека ќе го организираат локалното население за избувнување на бунтови и востанија. Стравот на [[Православие|православното население]] во [[Византија]] се зголемил бидејќи се сметало дека [[Свети Димитар]], според преданието, им го свртел грбот на византијците, насочувајќи се да им помага на [[Словени|Словените]], пред се на Бугарите. Како еден доказ или мит за ова била изгубената икона на Свети Димитар од [[Солун]], која по необјаснен начин се најдела во ''Трновград'', денешно [[Велико Трново]].
 
Кон крајот на месец [[октомври]], кога се славел празникот на [[Свети Димитар]], при осветувањето на новата [[црква]] која била посветена на самиот светец, во исто време бил даден почетокот на востанието против Византија од страна на Асен и Теодор-Петар. Теодор бил прогласен за цар, бидејќи тој бил постариот од двата браќа, и го променил името си во Петар, како директен наследник на Петар I, цар од времето на [[Прво бугарско царство|Првото бугарско царство]]. За многу краток период, востанието успеало да се прошири низ скоро цела [[Северна Бугарија]], со исклучок на градот [[Варна]]. Византиската власт не успеала да реагира адекватно на бугарските востаници, најмногу поради фактот што во истото време во престолнината се воделе дворски битки помеѓу [[Исак II Ангел]] и претендентот за тронот — [[Исак Комнин]]. Војска од страна на [[Византија]] била испратена дури откога востаниците ја преминиле [[Стара планина]], која војска претрпела пораз. Во текот на пролетта на [[1186]] година, Исак II решил директно да ја нападне византиската армија. Искористувајќи ја маглата, византиската армија успеала да ја премине [[Стара планина]] и успеала да ги принуди бугарските позиции да се повлечат. Византијската армија опожарила мал дел од заземената територија и се повлекла. Во исто време, бугарските востаници успеале да стапат во контакт со туркиските [[Кумани|Куманите]], барајќи заедно да се обединат против [[Византија]].
 
Во текот на есента [[1186]] година, бугарско-куманската армија ја преминала [[Стара планина]] (''Паристрион'') и се разделила на два дела: едниот дел од армијата заминал кон [[Македонија (регион)|Македонија]], а другиот останал да дејствува во [[Источна Тракија]]. Војната се водела со променлив успех на двете страни, кое дополнително го инспирирало на бугарскиот цар да собира поголема и пообучена војска. Во времето кога стигнал во [[Средец]], денешна [[Софија]], царот Исак II го убедувал на [[Бела III]] да ги врати откраднатите мошти на [[Свети Иван Рилски]]. По преговорите, било договорено унгарскиот крал да ги врати моштите но без едната рака, која подоцна била однесена во [[Грац]]. Во текот на пролетта на [[1187]] година, Византиските војници испеале да ја преминат Стара планина и да го опседнат градот [[Ловеч]] т.е. Ловешката тврдина. Опсадата на градот можеби продолжила повеќе од колку што очекувал самиот Исак II. По ова, тој решил да се обиде преку преговори. Во преговорите, византискиот император ја признал власта на [[династија Асенивци]] над [[Мизија]], а како замена во плен го зедол братот на Асен и Петар, Јоаница (идниот [[Калојан]]). Веднаш по прогласување на мирот помеѓу двете земји, бугарското царство започало да ја обновува својата државна власт, да гради поголем број на тврдини. Како престолнина на новата бугарска држава бил избран градот [[Трновград]], денешно Велико Трново, главно поради својата недостапност и стратегиска позиција. Така, во следните години, Трново станал еден од најголемите културно-политички и религиозни центри на Бугарија.
Ред 126:
Во времето на цар [[Смилец]] ([[1292]]-[[1298]]), започнала поредната војна со [[Византија]], во која Бугарија била поразена. Во [[1296]] година ја оженил својата ќерка со [[Стефан Урош III Дечански]]. Тој бил под директно влијание на Златната орда. Во [[ноември]] [[1298]] година царот починал. Неговата смрт до денеска е сѐ уште загатка. Во времето на [[Тодор Светослав]] ([[1300]]-[[1322]]), позициите на Бугарија привремено се зацврстиле на Балканот. Неговото владеење се карактеризира со добрата спроведена политика и стабилизација на земјата. Во [[1304]] година водел војна со [[Византија]], заземајќи ги црноморските градови и области. По огромната победа, Светослав се упатил кон [[Едрене]]. По неколкугодишните војни, двете земји започнале да преговараат околу можно примирје. Во [[1307]] година бил потпишан договор помеѓу Византија и Бугарија, склучувјќи династичен брак на Светослав со ќерката на [[Михаил IX Палеолог]]. Наследник на Светослав бил [[Георги II Тертер]] ([[1322]]-[[1323]]), како последен од [[династија Тертер]]. Поради бунтовите околу византискиот престол, новиот цар организирал поход против Византија заземајќи го [[Пловдив]] и [[Едрене]]. Но по крајот на дворската војна во Византија, новиот император [[Андроник III]] повторно успеал да врати голем дел од своите територии. По овие неуспеси, по само неколку месеци бугарскиот цар изненадено починал без да остави наследник.
 
[[Михаил III Шишман Асен]] ([[1323]]-[[1330]]) бил основач на новата царска [[династија Шишман]]. Тој е можеби последниот бугарски цар од Второто бугарско царство којшто се стремил за создавање на бугарската воена и политичка хегемонија на Балканскиот полуостровПолуостров. Во [[1330]] година се одвила [[Битка кај Велбужда|битката кај Велбужда]] во која [[Рашка]] и нанела голем пораз на бугарската држава во кој бил убиен и самиот цар.
 
[[Иван Александар]] ([[1331]]-[[1371]]) успеал да ја прошири земјата на југ. Тој ја водел последната битка со империјата на Византија. Во времето на неговото владеење започнала инвазијата на [[Османлии|Османлиите]]. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во [[1352]] година, [[Османлии|Османлиите]] ја зазеле првата тврдина на полуостровот, [[Цимпе]]. Следувале војните со Византија. По крајот на неговото владеење Второто бугарско царство се разделило на [[Видинско царство]] управувано од [[Иван Страцимир]], [[Трновско царство]] управувано од [[Иван Шишман]] и [[Добруџанско деспотство]] управувано од страна на [[Добротица]].