Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 110:
Во текот на [[1230]] година, евентуалната офанзива од страна на [[Епир]] се оправдала по нападот на Теодор Комнин врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на [[9 март]] [[1230]] година во [[Битка кај Клокотница|битката кај Клокотница]]. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на [[Епирско деспотство|Епирското деспотство]], чија војска била многу побројна. Самиот Комнин заедно со своето семејство биле заробени. Оваа битка го најавило распаѓањето на деспотството.
 
Во времето кога [[Жан де Бриен]] станал нов император на Латинската империја, [[Иван Асен II]] бил принуден да го поништи договорот со [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]], протерувајќи го трновскиот епископ ''Василиј'' којшто бил проримски настроен. Како одговор на тоа, [[Папа Григур IX]] му наредил на унгарскиот крал [[Андраш II]] да ја нападне Бугарија. Унгарците го окупирале [[Белград]] и [[Браничево]], но многу бргу претрпиле пораз. Бугарите влегле во сојуз со новиот српски крал [[Стефан Владислав]], склучувајќи династичен брак помеѓу една од ќерките на Иван Асен со самиот Владислав. По ова, главното упориште на бугарскиот крал повторно бил насочен кон Латинската империја. Бугарија и [[Никејска империја|Никејската империја]] повторно започнале да преговараат околу евентуалниот поход против империјата. Од страна на Иван Асен, како главно барање било решавање на прашањето околу независноста на бугарскатаБугарската патријаршија, Никејскиот император, кој бил наследник на Византискиот престол, [[Јован III Дука]], во сојузот со Бугарија ја гледал идната евентуална [[опсада на Константинопол]] од неговите две страни.
 
Така, повторно преку династичен брак бил заклучен сојузот помеѓу Никејското царство и Второто Бугатскобугарско царство. На соборот во [[Никеја]], архиепископот [[Јоаким I (бугарски патријарх)|Јоаким I]] бил прогласен за првиот патријарх на Бугарите. Во [[1235]] година, градот [[Константинопол]] бил [[Опсада на Константинопол (1235)|ставен под опсада]]. Заедничката опсада на сојузниците била неуспешна<ref>{{цитирана веб страница |url=http://www.nndb.com/people/854/000101551/|title=John III Ducas Vatatzes|publisher=NNDB.com|accessdate=2009-05-18}}</ref>. Сојузниците од опсадата се повлекле во есента, бидејќи доаѓала зимата. Двата цареви се договориле опсадата да биде продолжена во следната година, но тогаш бугарскиот цар одбил да испрати војници. По смртта на [[Јоан де Бриен]] во [[1237]] година, Бугарите го прекратиле договорот со Никеја, главно поради можноста Иван Асен II, да стане [[регент]] на Латинската империjа.
 
Царот Иван Асен II починал во [[1241]] година, по кое дошло крајот на напредокот на Второто бугарско царство.