Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 73:
И покрај некои успеси на [[Византија]] во времето на [[Мануел I Комнин]], сепак земјата започнала полека да се распаѓа. [[Михаил I Комнин]] во голема мера се обидел да воспоставил контрола над [[Јужна Италија]] и да ги протере [[Селџуци|турските Селџуци]] од [[Мала Азија]], но во [[Битка кај Мариокефалон|битката кај Мариокефалон]], турските Селџуци успеале да му нанесат голем пораз на императорот и да воспостават трајна контрола врз дел од [[Мала Азија]]. Во исто време во внатрешноста на [[Византија]] се појавиле [[феудализам|феудалци]] кои во голема мера ја потисниле централната власт, во однос на нивните посакувања. Во земјата [[корупција|корупцијата]] започнала се повеќе да се шири, настапило социјално незадоволство помеѓу народот. Сиромашните семејства биле принудени своите деца да ги продаваат како робови за имаат можност од што да преживеат.
 
Кон [[1183]] година, во северниот дел на земјата инвазија извршиле [[Унгарци|Унгарците]], кои ги ограбиле регионите околу [[Ниш]] и [[Средец]], и според некои извори ги украле моштите на [[Свети Јован Рилски]].<ref>http://www.pravoslavieto.com/life/07.01_sv_Ivan_Rilski_moshti.htm Моштите на Свети Јован Рилски</ref> По само две години, [[Нормани|Норманите]] ги нападнале градовите [[Драч]] и [[Солун]]. По нивното заземање, населението било или ограбено или убиено. По ова, норманските орди се насочиле кон престолнината [[Константинопол]], но благодарение на главниот началник на Византиската војска, [[Алексеј Брана]], Византија успеала да го одбие ударот на норманите. Во истото време, во [[Константинопол]] бил извршен државен удар и на императорскиот трон застанал [[Исак II Ангел]] ([[1185]]-[[1195]]), кој склучил династичен брак со ќерката на унгарскиот крал [[Бела III]].
 
== Востанието на Асен и Петар ==