Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 87:
== Калојан ==
[[Податотека:Bulgaria under Kaloyan.png|thumb|right|230px|Бугарија во времето на Калојан.]]
[[Калојан]], познат и како ''Ромеоубиец'',<ref>[http://www.promacedonia.org/en/bulgarien1943/zweite.html ''„Kalojan, der Griechentöter"'']</ref>, цар на Бугарија станал во [[1197]] година. Тронот го наследил во време кога земјата се наоѓала во голема нестабилност. Во текот на [[1202]] година, [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] ја организирала [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]]. По налог на [[Венецијанска република|Венецијанската република]], рицарите го нападнале и ограбиле пристаништето Зара. По ова, Венеција склучила сојуз со приврзаниците на [[Алексеј Ангел]], кој во тоа време се наоѓал до затвор, заедно со својот татко [[Исак II Ангел]]. Крстоносците се упатиле кон [[Константинопол]]. (''Види'':[[Опсада на Константинопол (1203)]]). Византискиот император [[Алексеј III Ангел]], склучил договор со [[Калојан]]. Според договорот, под власта на Калојан се најдела цела [[Северна Бугарија]], [[Браничево|Браничевската област]] и [[Белград|Белградската област]], како и делови од [[Северна Тракија]] и [[Македонија (регион)|Македонија]]. Во исто време, [[Браничево|Браничевската област]] и [[Белград|Белградската област]] биле окупирани од страна на [[Унгарија]]. По овој настан, царот Калојан успеал со својата војска да ги протера [[Унгарци]]теУнгарците од истите области.
 
[[Податотека:Kaloyan of Bulgaria Grave.JPG|thumb|right|230px|Гробот на Калојан.]]
Ред 96:
На [[13 април]] [[1204]] година, крстоносците во текот на [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]] го [[Опсада на Константинопол (1204)|зазеле]] [[Константинопол]], по кое дошло до привремено распаѓање на Источното римско царство односно Византија. Од териториите на Византија се создале неколку помали држави и тоа: [[Никејска империја]], која се смета како директен наследник на Византија, [[Епирско деспотство]] и [[Трапезундска империја]]. Во заземаните територии, крстоносците основале свои држави и тоа: [[Солунско кралство]] и [[Латинска империја]]. Веќе на [[8 ноември]] бил склучен сојуз според кој папата ја дал титулата крал на Калојан (пониска титула од цар) и титулата [[примас]] на бугарски духовен татко, кој според папата одговарале на цар и патријарх. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Константинопол од страна на крстоносците, на повеќе пати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до [[Балдвин Фландриски]] со предлог да се склучи договор за мир. Но императорот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на [[1205]] година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинската империја.
 
Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во [[Едрене]] (или [[Одрин]]), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот император [[Балдвин Фландриски]] и однесен како заробеник во [[Трновградска тврдина|Трновградската тврдина]]. По битката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од [[Тракија]] и [[Македонија (регион)|Македонија]]. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град [[Пловдив]]. Во [[1207]] година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против [[Константинопол]] односно Латинската империја. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинската империја. Како главна причина се смета повлекувањето на куманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон [[Солун]]. Сепак, опсадата и можното заземање на Солун не се случила главно поради убијството на Калојан од страна на неговиот прв военоначалник ''Манастар''.
 
== Иван Асен II ==
[[Податотека:BULGARIA_under_Iwan_ASSEN_II.jpg|right|thumb|250px|Територијата на Бугарија за време на владеењето на Иван Асен II]]
По смртта на Калојан, на негово место застанал [[Борил]] во [[1207]] година, кој бил син на сестрата на Калојан. Во времето на неговото управување, цар Борил загубил голем дел од териториите на Бугарија, пред се [[Пловдив]], [[Белград]], [[Браничево]] и [[Ниш]]. Во текот на [[1213]] година тој склучил мировен договор со [[Латинска империја|Латинската империја]] преку династичен брак на својата ќерка со Хенрик. Во исто време династичен брак бил склучен и помеѓу другата ќерка на Борил и унгарскиот крал [[Бела IV]], со кое во исто време дошло до подобрување на односите и со [[Кралство Унгарија]]. По застанувањето на тронот на Борил, приврзаниците на [[династијаДинастија Асеновци]] биле принудени да побегнат од земјата, засолнувајќи се кај куманитеКуманите.
 
Во текот на [[1217]] година, во Бугарија се вратиле синовите на царот [[Иван Асен I]], кои биле пречекани со големо воодушевување кај локалното население. Царот Борил се засолнил во [[Трново]], но во исто време ја изгубил подршката од страна на своите сојузници и бил заробен. По ова, на бугарскиот трон се качил [[Иван Асен II]]. Иван II Асен ја разбрал поентата и добивката од склучувањето на т.н. династички бракови и по враќањето на унгарскиот крал [[Андраш II]] бил договорен брак помеѓу бугарскиот цар и неговата ќерка Ана. Освен тоа, Иван Асен II ги добил и долгогодишните спорни територии на [[Белград|Белградската област]] и [[Браничево|Бранчевската област]]. Таа негова политика на склучување на бракови чија цел била придобивање на територии, на Бугарија и осигурила сојузник и можеби привремено зачувување на мирот и стабилноста на земјата. Во негово време, Бугарската држава се протегала на три мориња и била една од најсилните земји во [[Европа]] во тоа време.<ref>http://www.macedoniainfo.com/docs/BULGARIA-ASSEN-II.jpg Карта на Бугарија во времето на Иван Асен II</ref>
Во исто време, на јужниот дел од [[Балкански полуостровПолуостров|Балканскиот полуостровПолуостров]], [[Епирско деспотство|Епирското деспотство]] на чело со [[Теодор Комнин]] го уништило [[Солунско кралство|Солунското кралство]]. Иван Асен својата ќерка ја оженил со Теодор Комнин со кое си осигурил привремена сигурност на јужните делови од своето царство.
[[Податотека:Ivan-asen-II-zograf-portrait.jpg|thumb|right|230px|Иван Асен II ]]
Во текот на [[1228]] година починал латинскиот император [[Роберт Кутрен]], а на негово место застанал неговиот малолетен син [[Болдвин II]]. Овде повторно бил склучен договор помеѓу латинјанитеЛатинјаните и бугаритеБугарите, во кои бугарскиот цар станал регент на латинскиот император. Малолетната ќерка на бугарскиот цар, Елена, била омажена за латинскиот император. Бугарите биле задолжени да помагаат на Латинската империја при евентуалните војни со Епирското деспотство. Градот [[Пловдив]] бил повторно вратен на Бугарија. Но поради несигурноста од евентуални напади на Иван Асен, императорот склучил договор и со поранешниот ерусалимски крал [[Жан де Бриен]].<ref>http://ald-bg.narod.ru/BG_vladeteli/33_Asen_II.JPG</ref>
 
Во текот на [[1230]] година, евентуалната офанзива од страна на [[Епир]] се оправдала по нападот на Теодор Комнин врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на [[9 март]] [[1230]] година во [[Битка кај Клокотница|битката кај Клокотница]]. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на [[Епирско деспотство|Епирското деспотство]], чија војска била многу побројна. Самиот Комнин заедно со своето семејство биле заробени. Оваа битка го најавило распаѓањето на деспотството.
Ред 120:
По смртта на царот Иван Асен II, бугарската држава започнала постепено да се распаѓа и да ја губи својата моќ. [[Монголска инвазија|Монголската инвазија]] за Балканските земји била катастрофална. Бугарија била принудена да плаќа даноци на [[Златна Орда|Златната Орда]]. Во времето на [[Михаил II Асен]] ([[1246]]-[[1256]]), синот на Иван Асен ги загубил градовите [[Сер]], [[Ќустендил|Велбужд]], [[Мелник]], [[Скопје]], [[Прилеп]] и.т.н. на сметка на византијците. Бугарската држава загубила една третина од својата територија. [[Белград]] и [[Браничево]] биле заземени од страна на [[Кралство Унгарија]]. Во времето кога на престолот дошол [[Калиман II]] ([[1256]]), царското семејство имало големи противници, пред се ова се однесува на [[Ротислав Михаилович]], татко на својата сопруга. Ротислав своите војски ги упатил кон [[Трново]] а царот бил изоставен од страна на неговите подржувачи, по кое Коломан побегнал од престолнината. По “''заземањето''“ на градот, Ротислав заедно со својата ќерка се повлекле а како нов цар бил избран [[Мицо Асен]]. Калиман по само еден месец бил убиен. [[Мицо Асен]] ([[1256]]-[[1263]]) го отфрлил т.н. [[Регински мир]] со [[Никеја]] од [[1255]] година, ги зголемил даноците кое дополнително придонело неговата популарност да се намали. Поради определени сомнежи за негов атентат, тој се преместил во [[Преслав]]. По повторното создавање и обновување на [[Византија]], тој станал нејзин сојузник. До [[1263]] година војувал постојано со [[Константин Асен]], по кое ги предал своите територии на [[Михаил VIII Палеолог]].
 
Во времето на [[Константин Асен]] ([[1257]]-[[1277]]), бугарската држава, која била во граѓанска војна, успеала да ги врати [[Северин]] и дел од [[Банат|Банатската област]], но во [[1261]] година новиот унгарски крал [[Стефан V (Унгарија)|Светаф V]] успеал да ги зазеде [[Видин]] и [[Лом]]. Во [[1264]] година, Константин Асен учествувал во походот против [[Византија]] заедно со околу 40.000 војска на Златната орда, но сепак оваа воена кампања не ги подобриле позициите на земјата на Балканот. Наслединк на Константин Асен станал [[Иваило од Бугарија|царЦар Иваило]] ([[1277]]-[[1280]]). Тој во почетокот успеал да организира походи против Византија во [[1277]] година. Но во летото на истата година тој морал да се исправи и против монголските [[Татари]] од Златната орда. Тој успеал да победи во неколку битки против Татарите. Следувала повторната граѓанска војна, во која византискиот император сакал најмногу да ја искористи. [[Византија]] се решила да застане на страната на синот на Мицо Асен, [[Иван Асен III]] ([[1279]]-[[1280]]). Но, во [[1278]] година, царот Иваило влегол во градот [[Трново]]. Во [[1278]] година, најпрвин забележал победи против византиските војски а по ова ја започнал поредната војна со Татарите. Тој се нашол во опсада во тврдината Драстер ([[Силистра]]). Опсадата продолжила три месеци, а во Трново се појавиле слухови дека Иваило загинал. Така, приврзаниците на [[Иван Асен III]] влегле во Трново, но неочекувано за нив, царот Иваило по краток период се појавил пред ѕидините на градот. Во исто време, од страна на [[Византија]] била пуштена армија од 10.000 војници. Иваило успеал да ги победи византиските војски кај [[Девња]]. Иван Асен успеал да побегне од престолнината а во меѓувреме за нов цар бил избран [[Георги I Тертер]] ([[1280]]-[[1292]]). Поради поредната граѓанска војна, и трите претенденти побарале помош од страна на [[Татари]]те, а во крајна сметка Иваило не ја добил и тој бил убиен.
 
[[Податотека:Bulgaria-second half of the 13th century.png|thumb|right|230px|Бугарија во текот на 13 век.]]