Второ Бугарско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 120:
По смртта на царот Иван Асен II, бугарската држава започнала постепено да се распаѓа и да ја губи својата моќ. [[Монголска инвазија|Монголската инвазија]] за Балканските земји била катастрофална. Бугарија била принудена да плаќа даноци на [[Златна Орда|Златната Орда]]. Во времето на [[Михаил II Асен]] ([[1246]]-[[1256]]), синот на Иван Асен ги загубил градовите [[Сер]], [[Ќустендил|Велбужд]], [[Мелник]], [[Скопје]], [[Прилеп]] и.т.н. на сметка на византијците. Бугарската држава загубила една третина од својата територија. [[Белград]] и [[Браничево]] биле заземени од страна на [[Кралство Унгарија]]. Во времето кога на престолот дошол [[Калиман II]] ([[1256]]), царското семејство имало големи противници, пред се ова се однесува на [[Ротислав Михаилович]], татко на својата сопруга. Ротислав своите војски ги упатил кон [[Трново]] а царот бил изоставен од страна на неговите подржувачи, по кое Коломан побегнал од престолнината. По “''заземањето''“ на градот, Ротислав заедно со својата ќерка се повлекле а како нов цар бил избран [[Мицо Асен]]. Калиман по само еден месец бил убиен. [[Мицо Асен]] ([[1256]]-[[1263]]) го отфрлил т.н. [[Регински мир]] со [[Никеја]] од [[1255]] година, ги зголемил даноците кое дополнително придонело неговата популарност да се намали. Поради определени сомнежи за негов атентат, тој се преместил во [[Преслав]]. По повторното создавање и обновување на [[Византија]], тој станал нејзин сојузник. До [[1263]] година војувал постојано со [[Константин Асен]], по кое ги предал своите територии на [[Михаил VIII Палеолог]].
 
Во времето на [[Константин Асен]] ([[1257]]-[[1277]]), бугарската држава, која била во граѓанска војна, успеала да ги врати [[Северин]] и дел од [[Банат|Банатската област]], но во [[1261]] година новиот унгарски крал [[Стефан V (Унгарија)|Светаф V]] успеал да ги зазеде [[Видин]] и [[Лом]]. Во [[1264]] година, Константин Асен учествувал во походот против [[Византија]] заедно со околу 40.000 војска на Златната орда, но сепак оваа воена кампања не ги подобриле позициите на земјата на Балканот. Наслединк на Константин Асен станал [[Иваило од Бугарија|цар Иваило]] ([[1277]]-[[1280]]). Тој во почетокот успеал да организира походи против Византија во [[1277]] година. Но во летото на истата година тој морал да се исправи и против монголските [[Татари]] од Златната орда. Тој успеал да победи во неколку битки против Татарите. Следувала повторната граѓанска војна, во која византискиот император сакал најмногу да ја искористи. [[Византија]] се решила да застане на страната на синот на Мицо Асен, [[Иван Асен III]] ([[1279]]-[[1280]]). Но, во [[1278]] година, царот Иваило влегол во градот [[Трново]]. Во [[1278]] година, најпрвин забележал победи против византиските војски а по ова ја започнал поредната војна со Татарите. Тој се нашол во опсада во тврдината Драстер ([[Силистра]]). Опсадата продолжила три месеци, а во Трново се појавиле слухови дека Иваило загинал. Така, приврзаниците на [[Иван Асен III]] влегле во Трново, но неочекувано за нив, царот Иваило по краток период се појавил пред ѕидините на градот. Во исто време, од страна на [[Византија]] била пуштена армија од 10.000 војници. Иваило успеал да ги победи византиските војски кај [[Девња]]. Иван Асен успеал да побегне од престолнината а во меѓувреме за нов цар бил избран [[Георги I Тертер]] ([[1280]]-[[1292]]). Поради поредната граѓанска војна, и трите претенденти побарале помош од страна на Татарите[[Татари]]те, а во крајна сметка Иваило не ја добил и тој бил убиен.
 
[[Податотека:Bulgaria-second half of the 13th century.png|thumb|right|230px|Бугарија во текот на 13 век.]]