Главоцветни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Морфолошки карактеристики: Дополнување на статијата
Ред 100:
На [[чашката]] нема чашкини ливчиња, или, пак, тие се силно изменети, притоа образувајќи т.н. [[папус]], кој се состои од две или повеќе лушпи, четинки или влакненца. Папусот може да биде влакнест, брадест или пердувест.
 
[[Венчето]] е [[симпетално]], односно со сраснати венечни ливчиња, при што се среќаваат следните варијации: петте венечни ливчиња може да се сраснати со што формираат цевка или труба со 4 до 5 одделоци (во овој случај цветот е означен како трубест или тубуларен); потоа, има видови чии две групи на венечни ливчиња се сраснати (ваквите цветови се двоусни-билабијални; имаат една горна усна составена од две сраснати венечни ливчиња и долна усна од три сраснати ливчиња), или венечните ливчиња може да се во вид на труба од која се издава јазиче-лигула со 3 до 5 запци (овие цветови се наречени јазичести, лигуларни цветови).
 
[[Datei:Carduus_flowerdiagram.png|врска=https://de.wikipedia.org/wiki/Datei:Carduus_flowerdiagram.png|лево|мини|123x123пкс|[[Цветен дијаграм]] на родот ''[[:de:Carduus|Carduus]]''.]]
[[Андрецеум]]<nowiki/>от обично има 5 [[прашници]] кои се наизменични со одделоците од венчето. Прашничките конци, речиси секогаш слободни-несраснати, се странично вметнати во трубата на венчето, а прашничките торби (антери) се приседнати за основата (базифилни) и најчесто се сраснати (ретко прашничките конци се сраснати-конатни, а торбите слободни: на пример, како кај претставниците од [[Ambrosiine]] од племето [[Heliantheae]]), со што образуваат цевка околу столпчето од плодникот, во која се ослободува [[полен]]<nowiki/>от (кој обично е со три отвори-триколпоратен), а со пробивањето на столпчето низ оваа цевка, поленот се изнесува надвор каде станува достапен за опрашувачите-инсекти, или, пак, од надвор се прифаќа полен со помош на разновидни четинки. Со пробивањето на столпчето низ цевката, устенцето на плодникот може да прифати полен.