Ниџе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
 
== Местоположба и правец на протегање ==
Планината Ниџе се наоѓа во крајниот јужен дел на [[Република Македонија]]. На македонска територија зафаќа вкупна површина од 689,4 км<sup>2</sup>, од кои 357,4 км<sup>2</sup> над 1000 метри надморска височина, 82,2 км<sup>2</sup> над 1500 метри и само 10,8 км<sup>2</sup> површина над 2000 метри надморска височина. Преку нејзиниот срт води државната граница помеѓу [[Македонија]] и [[Грција]]. Се протега во правец североисток-југозапад со највисок врв [[Кајмакчалан]] (2521 м.н.в.), но доста се истакнува и истоимениот врв Ниџе висок 2361 метри. Нејзината должина изнесува повеќе од 20 километри во права линија<ref name="Башески" />. На запад, Ниџе се граничи со големата [[Пелагонија|пелагониска котлина]]. Северозападната граница и воопшто на север од [[Селечка Планина]] е одвоена со Скочивирската клисура на [[Црна река]] после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката [[Сатока]]. Од вливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во југоисточна насока до сливот во [[Градешка Река]]. Спротиводно од неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од планината Козјак на североисток со која што морфолошки се надоврзува. На југ од Ниџе во [[Егејска Македонија|егејскиот дел на Македонија]] се простира [[Еордеја (општина)|Островската (Еордејска) Котлина]]. Според правецот на протегање, Ниџе претставува ретка и единствена планина во [[Македонија]] која што скршнувајќи по речиси прав агол од 90° ја променува насоката на протегање, наликувајќи скоро на бумеранг. Од историјата, планината Ниџе е позната по тоа што на нејзиниот срт на кој денес е расположена на македонско-грчката граница за време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] бил познатиот [[Македонски фронт|Македонски]] или [[Солунски фронт]]. Ниџе е петта по височина од планините во [[Република Македонија]].
 
=== Врвови ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ниџе