Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

 
== Напис за Википедија на македонски јазик на Пулс 24 ==
Почитувани википедијанци, на порталот Пулс 24 денес се појави [http://www.puls24.mk/mk/vesti/dezuren-saren-plukac-gi-vandalizira-statiite-na-vikipedija-dovedena-vo-prasanje-nejzinata-objektivnost напис], во кој на многу невкусен начин се наведува дека некој администратор на Википедија на македонски јазик ја вандализирал статијата „[[Ден на мaкедонската револуционерна борба]]“, а потоа за истото лице се откриваат информации со политичка заднина. Мислам дека ова е јавен напад наврз интегритетот на администраторите на Википедија на македонски јазик и поради тоа ве повикувам да дадете мислење за тоа на кој начин да реагираме како заедница. Ви благодарам.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:32, 9 октомври 2017 (CEST)
 
:Мислам дека треба да се остави да го напише вториот дел од оваа фантастична сторија и да се обелодени „шарениот плукач“. И после да се реагира со напис по медиуми. Не гледам апсолутно ништо спорно околу самата статија и сите уредувања. Ќе се забавувам доколку некако јас сум „дежурниот шарен плукач“ иако моето последно уредување е од 2011. Впрочем може да се види во Историја на статијата, но се сомневам дека во Пулс24 имаат такви напредни познавања. Инаку самиот медиум има нула репутација и читаност. :) --[[User:FlavrSavr|FlavrSavr]] <small>([[User talk:FlavrSavr|разговор]])</small> 22:58, 9 октомври 2017 (CEST)