Алфонс Доде: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Творештво: дополнување
Ред 6:
==Творештво==
Доде живеел во време на бурни општествено-историски промени ([[Второто царство]], [[Француско-пруска војна|Француско-пруската војна]], [[Париската комуна]], [[Третата република]], експанзијата на [[Колонијализам|колонијализмот]], итн.), што му овозможило темите за своите дела да ги црпи од разни извори. Токму поради таа разновидност, [[Историја на книжевноста|историчарите на книжевноста]] долго се колебале да го сместат во редот на реалистите. Иако тој ги слика луѓето и природата со голема пластичност, иако неговите дела се богати со стотици податоци и настани, неговата топла иронија и емоционалната симпатија кон она што тој го одбира од реалноста тешко се вклопуваат во теоријата на објективниот поглед на светот, карактеристична за [[Реализам|реализмот]]. Сепак, уште потешко е Доде да се смести во натуралистите, иако неговиот [[роман]] „[[Набоб (роман)|Набоб]]“ [[Емил Зола]] го поздравил како [[Натурализам|натуралистички]] роман. Всушност, наспроти пријателството со Зола, Доде никогаш не ја прифатил целосно натуралистичката доктрина, така што цело време останал реалист-имресионист.<ref>Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, ''Tartaren Taraskonac''. Beograd: Rad, 1963, стр. 99-100.</ref>
 
Една од основните одлики на творештвотот на Доде е важноста на [[емоција]]та. Сепак, неговата способност за возбудување и неговата кревка сензибилност не го одвеле до точката на патос или мелодраматика. Во тој поглед, самиот Доде рекол дека „емоцијата се губи ако не се остане во границата на човечкото.“ Втора важна одлика на неговото творештво е длабоката хуманост: на пример, речиси нема расказ во неговата збирка „Писма од мојот млин“ во која што не е присутно разбирањето за страдањата на малиот [[човек]]. Сепак, во тој поглед, на Доде може да му се забележи дека никогаш не се обидел да продре подлабоко во причините за тешката положба на потчинетите, а понекогаш кај него се забележува и одредена доза на конформизам. Во продолжение, еден од пресудните елементи во творештвото на Доде е присуството на атмосферата карактеристична за југот на [[Франција]]. Во тесна врска со тоа е и големата доза на [[хумор]] што се наоѓа на средината меѓу старата галска шега што се среќава кај [[Франсоа Рабле|Рабле]] и повеќезначната комика на [[Марсел Пруст|Пруст]].<ref>Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, ''Tartaren Taraskonac''. Beograd: Rad, 1963, стр. 101-102.</ref> Благодарение на извонредната смисла за она што е природно и човечко, во своите дела, Доде успеал да создаде низа живи ликови, како што се: Тартарен, Руместан, Бомпар итн. Неговата моќ за опсервација, нежноста кон човечките слабости, топлата иронија и здравиот хумор, заедно со неговото извонредно чувство за мера – тоа се карактеристиките што го прават еден од најистакнатите мајстори на француската реалистична проза. Навистина, слично на [[Молиер]], на Доде му недостасувал интерес и способност за продлабочување во крупните проблеми на [[философија]]та и [[метафизика]]. Но, тој точно ги проценил границите на својата дарба и движејќи се во нив го дал целиот свој придонес.<ref>Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, ''Tartaren Taraskonac''. Beograd: Rad, 1963, стр. 104.</ref>
 
===Поважни дела===