Каталонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Rettede grammatik
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 131:
Климата на Каталонија е разновидна. Населените места кои се наоѓаат покрај брегот како што се: покраината [[Тарагона (покраина)|Тарагона]], [[Барселона (покраина)|Барселона]] и [[Жирона (покраина)|Жирона]], имаат средоземја клима. Во внатрешната страна (вклучувајќи ја и покрaината Љејда и внатрешниот дел на покраината Барселона) најзастапена е континентално медитеранска клима. На врвовите на [[Пиринеи]]те има планинска, па дури и алпска клима на највисоките врвови.
 
Во медитеранската област, летото е суво и топло со морско ветре, и максимална температура од околу 26-31 ° C. Зимата е повеќе или помалку студена во зависност од локацијата. Често врне снег на Пиринеите, а не толку често и на пониската надморска височини, дури и од страна на крајбрежјето. Пролет и есен се обично најдождовните сезони, со исклучок на пиринејските долини, каде што летото е проследено со бури.
Внатрешниот дел од Каталонија е потопол и посув во лето. Температурата може да достигне 35 ° C, некои денови дури и 40 ° C. Ноќите се поладни таму отколку на брегот, со температура од околу 14-16 ° C. Маглата не е невообичаена во долините и рамнините, може да се задржи и подолг период, со епизоди на мрзнење во текот на зимата, по долината на реката [[Сегре]] и други речни долини.