Дијана (принцеза од Велс): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 60:
За целиот свет таа била посветена и грижлива мајка<ref name="robinson"/><ref>{{cite news|url=http://www.people.com/people/prince_william/biography|title=Prince William Biography|newspaper=People|accessdate=15 October 2008}}</ref><ref>{{Cite journal|url=http://www.people.com/people/prince_harry/biography|title=Prince Harry|journal=People|accessdate=15 October 2008}}</ref>. Таа ретко се покорувала на принцот [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] или пак на кралското семејство и често била непопустлива кога станувало збор за децата. Таа ги одбрала нивните имиња, се спритивставила на кралскиот обичај на обрежување, ја отпуштила кралската дадилка и ангажирала друга по нејзин избор, покрај изборот на училиште и облека таа ги планирала и нивните излети и ги земала од училиште толку често колку што и дозволувале обврските. Таа исто така преговарала и околу нивниот распоред за нејзините јавни должности{{sfn|Morton|1997|p=184}}.
=== Добротворна работа ===▼
И покрај тоа што во 1983 година таа му се довери на Брајан Пекфорд, премиер на Њуфаундлед: јас тешко се соочувам со притисокот да се биде Принцезата од Велс, но учам да се справам со тоа“, од средината на осумдесеттите години Принцезата од Велс беше поврзувана со многубројни добротворни активности. Како Принцезата од Велс од неа се очекуваше да посетува болници, училишта итн. како пример на кралско покровителство. Дијана покажа голем интерес за сериозни болести и прашања поврзани со здравјето кои не спаѓаат во доменот на традиционалното кралско учество, вклучувајќи ги сидата и лепрата. И покрај тоа, Принцезата беше покровител на добротворни работи и организации кои работат со бездомници, млади луѓе, зависници од дрога и постари лица. Таа беше претседател на болницата за деца Грејт Ормонд Стрит од 1989 година. За време на нејзината последна година од животот, Дијана придонесе за видлива поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини, кампања која ја освои Нобеловата награда за во 1997 година по нејзината смрт.▼
=== Проблеми и развод ===
Ред 75 ⟶ 71:
Дијана беше гостин на БиБиСи Панорама од страна на новинарот Мартин Вашир во интервју кое беше емитувано на 20 ноември 1995 година, и во кое Дијана за Хјуит вели: “Да, јас го сакав. Да, јас го обожавав“. За Камила таа тврди: “во тој брак бевме тројца“, додека за себе Дијана изјави “јас би сакала да бидам Кралица на срцата на луѓето“. За тоа колку [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] е соодветен за кралствување таа вели: “Бидејќи јас му го познавам карактерот, би помислила дека „главната работа“ како што јас ја нарекувам ќе му наметне големи ограничувања и не знам дали тој би можел да се прилагоди на тоа“. Во декември 1995 година, Кралицата побара од [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] и Дијана “побрз развод“, како директен резултат од интервјуто на Дијана за Панорама. Ова следеше кратко време по обвинувањето на Дијана дека Тиџи Леџ-Бург абортирала дете од [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс], а по оваа изјава Леџ-Бург побарала извинување преку Питер Сартер-Рук. Два дена пред да се прекине оваа приказна, Патрик Џефсон, секретарот на Дијана поднесе оставка, подоцна пишувајќи дека ёдијана била “воодушевена од нејзиното обвинување дека Леџ-Бург имала абортус“. На 20 декември 1995 година Бакингамската палата јавно објави дека Кралицата им испратила писма на [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] и Дијана советувајќи ги да се разведат. Овој потег на Кралицата бил поддржан од страна на премиерот и од постариот Личен советник на Кралицата и според БиБиСи се решиле на овој потег по двонеделни разговори. Принцот [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] веднаш се согласил со предлогот. Во февруари Дијана го најави нејзиното согласување по преговорите со принцот [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс]] и претставниците на Кралицата, иритирајќи ја Бакингамската Палата со објавување на нејзино соопштение за договор за развод како и неговите услови. Разводот беше завршен на 28 август 1996 година. Дијана доби исплата на голема сума на пари од околу 17 милиони фунти заедно со член (клаузула) стандарден за кралски разводи кои спречуваат таа да зборува за деталите.
Неколку дена пред судската одлука за развод, издадени се патентно писмо и општи правила за регулирање на кралските титули по разводот. Имајќи го предвид фактот дека таа не беше повеќе омажена со принцот [[Чарлс (принц од Велс)|Чарлс], Дијана го изгуби називот Нејзиното кралско височество и наместо тоа беше нарекувана Дијана Принцезата од Велс. Бакингамската Палата на денот на судската одлука за развод испрати соопштение до медиумите, соопштувајќи за промената на титулата на Дијана. Бакингемската Палата изјави дека Дијана сеуште е член на Кралското семејство, бидејќи е мајка на вториот и третиот во редот за претстолонаследници. Ова беше потврдено од страна на заменик вештакот на кралското семјство бароницата Батлер Шлос, по претходното сослушување на 8 јануари 2007 година: „Дијана, принцезата од Велс беше сметана за член на Кралското семејство и во мигот на нејзината смрт“. Ова е наводно потврдено од Врховниот суд при судскиот преглед на предметот Ал Фајед и Орс против Батлер Шлос. Во тој случај, тројца судии од Врховниот суд ги прифатија судските барања дека “самиот назив ’Вештак на Кралското семејство’ дава изглед на пристрасност во однос на истрагата за смртта на две лица од кои едниот е член на кралското семејство, а другиот не е“.
▲=== Добротворна работа ===
▲
== Личниот живот по разводот ==
|