Демократија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија)
Ред 15:
Според Аристотел има шест вида власт. Добрите се: [[монархија]] - кога владее еден (наследствено) и добро; [[аристократија]] - кога со добро владее група на најдобри во државата (аристо=најдобар); и [[демократија]] - кога власта што владее со добро се добива според гласовите на мнозинството.
 
Лошите форми на власта се: [[тиранија]] - кога владее еден (кој со сила ја земал власта) и насилнички; [[олигархија]] - кога владее група најбогати кои водат грижа само за себе; и [[охлократија]] - кога владее џганот, односно мнозинството од лоши луѓе (или нивни избрани) кои прават само зло<ref> ''ФилософијаФилозофија за IV година'', д-р Стефан Сидовски и д-р Кирил Темков, Просветно Дело Скопје, 2005</ref>.
 
Иако сметана за праведно уредување, демократијата кај Аристотел котира на најниско рамниште меѓу трите претставници на добрата варијанта на државно уредување<ref name = "Аристотел">Шеста книга од ''Собраните дела на Аристотел''</ref>.
Ред 57:
Владеењето од страна на луѓето играло многу важна улога во општествата од пред–христијанската ера. Демократиите развиени во грчките [[полиси]] (градови – држави) и во [[Рим]], за време на раната фаза на [[Република]]та воопшто не личеле на денешните демократии. Тие биле директни демократии во кои сите граѓани имале право да зборуваат и гласаат на посебни седници. Репрезентативна влада, избрана од народот била непозната за античките Грци и непотребна, поради големината на полисите (речиси никогаш повеќе од 30 000 граѓани)<ref name = "Аристотел"/>. Античките демократии, во своите составни делови, не предвидувале еднаквост на сите поединци; мнозинството, составено од робови и жени немале никакви права. [[Атина]], најголемата меѓу сите градови–држави го ограничувала правото на гласање само на луѓе родени во рамките на полисот<ref>[http://www.bbc.co.uk/history/ancient/greeks/greekdemocracy_01.shtml Грчката демократија на BBC]</ref>.
 
Римската демократија, во голема мера претставува копија на грчката, иако понекогаш, таа им гарантирала право на глас и на граѓани без римско потекло. ФилософијатаФилозофијата на римските [[стоицизам|стоици]], која ја дефинирала човечката раса како мал дел од некој боженствен принцип и Еврејската и христијанската религија, кои ги акцентираат правата на непривилегираните и еднаквоста на сите пред Бога, овозможила развиток на модерната теорија за демократијата.
Римската република завршила со [[деспот]]измот на Римската Империја. Слободните градови во [[Италија]], [[Германија]] и [[Фландрија]] успеале да задржат одреден дел од демократските принципи за време на [[Среден век|Средниот Век]]. Робовите престанале да бидат мнозинство. Како што привршува епохата на [[феудализам|феудализмот]], се појавува богата средна класа, која ги поседувала и парите и времето потребно за да се учествува во владеачките кругови. Една последица од ваквата состојба е преродбата на духот на слободата врз основа на античките грчки и римски принципи. Концептот за еднакви политички и социјални права продолжува да се дефинира за време на [[Ренесанса]]та, кога се раѓа и хуманистичката идеологија, и подоцна за време на [[Реформација]]та, за време на борбата за религиска слобода.