Јоханес Вилхелм Јенсен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Философија +Филозофија)
Ред 5:
Роден во Фарсо, село во [[Северен Јутланд]], [[Данска]], како син на ветеринарен хирург, Јенсен израснал во рурално опкружување. Работел како репортер за да си го плати школувањето во медицинско [[училиште]], но го напуштил [[Училиште|училиштето]] за да следи писателска кариера. Најпознат е по својот циклус од шест [[Роман|романи]] Долгиот пат (Den Lange Rejse [[1908]]-[[1922]]), којшто бил објавен во двотомно издание во [[1938]] година. Тоа честопати се смета за негово главно прозно дело, кое се протега од почетокот на човековото постоење се до [[откривањето на Америка]], и претставува алтернатива на библиските приказни за Постанокот.
Автор е на над 100 [[есеи]] и приказни од патувања и од [[Природа|природата]], коишто се објавени во единаесет тома, сите со наслов Митови (Myter), и тритомната фиктивна [[биографија]] на еден од данските кралеви Падот на кралот (Kongens Fald). Иако бил малку познат надвор од [[Данска]], го нарекувале „големиот лингвистички иноватор на периодот“. Додека студирал медицина на [[Универзитет|Универзитетот]] во [[Копенхаген]] работел како [[писател]] за да си го финансира школувањето. По 3 години студирање избрал да е промени кариерата и целосно да и се посвети на [[Литература|литературата]]. Првата фаза од неговото творештво била под влијание на песимизмот карактеристичен за fin-de-siècle. Неговата кариера почнала со обновување на Приказните од Химерланд (Himerland Stories, 1898-1910), коишто се состојат од низа приказни чие дејство се случува во делот од [[Данска]] кој е неговиот роден крај. Во текот на [[1900]] и [[1901]] година го напишал своето ремекдело. Падот на кралот, модерен историчен [[роман]] чие дејство се врти околу [[Крал|кралот]] Кристијан II и неговата карактеристично данска неодлучност и неуспех да се преземе акција.
Во [[1906]] година Јенсен создал свое најголемо литературно постигнување: збирката стихови Песни [[1906]] (Digte [[1906]]), којашто ја вовела прозната [[песна]] во данската [[литература]]. Пишувал [[поезија]], неколку [[Драма|драми]] и многу [[есеи]], главно на теми од [[Антропологија|антропологијата]] и [[ФилософијаФилозофија|филозофијата]] на [[еволуција]].
Сите најпопуларни литературни дела на Јенсен биле завршени пред [[1920]] година. Потоа тој главно се концентрирал на амбициозни биолошки и зоолошки проучувања во обид да создаде етички систем кој се темели врз дарвинистичките идеи. Подоцнежните дела на Јенсен ги вклучуваат [[Егзотични новели]] (Eksotistake noveller, [[1907]]-[[1917]]), базирани на неговите патувања низ Далечниот исток, како и Јоргине (Jorgine, [[1926]]), приказна за една измамена селска девојка која си го спасува [[Живот|животот]] со тоа што влегува во [[брак]] без [[љубов]] и станува пожртвувана [[мајка]].
Јенсен бил контроверзна фигура во данскиот културен [[живот]]. Бил упорен полемичар и неговите честопати сомнителни расни теории штетно влијаеле врз неговата репутација. Во [[1904]] година се оженил со Елзе Мари Улрик, со која имал три сина. Починал во [[Копенхаген]], на [[25 ноември]] [[1950]] година.