Хатихумајун: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 1:
'''Хатихумјун''' или '''Хатихумајун''' ([[тур.]] ''Hatt-ı Hümayun'') <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философскофилозофско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref> е реформски [[акт (право)|акт]] донесен на [[18 февруари]] [[1856]] со кој се ветуваат верска и национална [[рамноправност]] на сите народности во [[Отоманска империја|Турската империја]], [[слобода]] на [[вероисповед]]та и мислењето, мешани [[суд]]ови, право на [[христијанство|христијаните]] да стапуваат на државни должности, да служат во [[Отоманска војска|турската војска]] и да имаат свои претставници во [[Државен совет на Отоманската империја|Државниот совет]]. Тој предвидува и црковни реформи, замена на натуралните давачки кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, [[судство]]то, [[полиција]]та и [[данок|даночната]] политика, воведување на редовен [[буџет]] од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго.
 
Врз основа на тој акт наследникот на [[Абдул Меџид]], султанот [[Абдул Азис]] (вл. 1861-1876), ќе донесе повеќе [[законски пропис|законски прописи]] за регулирање на значајни прашања во јавниот живот: Законот за трговска постапка, Законот за создавање на нови [[вилает]]и и нови судовиу, Законот за правата на странците на земјишна сопственост во Турција, Законот за организирање на Државниот совет и други.