Сојуз на комунистите на Југославија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 62:
* Протагонистите на „[[Хрватска пролет|Хрватската пролет]]“ и српските либерали. При натамошната либерализација на системот во втората половина на 60-тите, се зголеми бројот на критичари на власта. Власта во [[1971]]-[[1972]] се одлучува на контраакција, при што во [[Хрватска]] е задушена т.н. „Хрватска пролет“ (на чело со [[Савка Дапчевиќ – Кучар]] и [[Мика Трипало]]), а во [[Србија]] т.н. либерали ([[Латинка Перовиќ]], [[Марко Никезиќ]] и други). И во останатите републики од власта се тргнати одредени недогматски кадри, при што во Македонија настрадаа [[Славко Милосавлевски]], [[Крсте Црвенковски]] и други.
 
* [[Праксис школа]]та. Во [[1964]] група загрепски философифилозофи формира философскофилозофско списание насловено „Праксис“, кое набрзо се стекнува со голем углед во светски рами како водечко списание за [[марксистички хуманизам]]. Неговите припадници се залагаа за [[социјализам]] и [[самоуправување]], односно за она за што се залагаше и власта, но нивното толкување на овие поими не им одговараше на власта и во [[1974]] година, на списанието му беше оневозможено да излегува а некои од неговите соработници останаа без работа. Помеѓу попознатите „праксисовци“ се: [[Гајо Петровиќ]], [[Михаило Марковиќ]], [[Предраг Враницки]], [[Милан Кангрга]], [[Данко Грлиќ]] и други.
 
По смртта на Тито во [[1980]], состојбата во Југославија се влошува и комунистите сè повеќе ја губат власта во земјата. Кон крајот на [[1989]] СКЈ поради развојот на настаните во светски рамки и поради внатрешни притисоци делумно го легализира [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] Финалето следува наскоро. Во тмурна и мачна атмосфера, започна 14.(Вонреден) Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија. Најизразен беше судирот меѓу српската и словенечката делегација. На третиот ден од од одржувањето (22.1.1990), словенечките делегати го напуштија конгресот, а малку подоцна истото на направија и делегациите од Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Конгресот веќе некогаш не беше завршен, а единствената партија практично беше дезинтегрирана. Наредните месеци започнаа да се одржуваат првите повеќепартиски избори низ републиките. На тие избори, реформираните комунистички партии ја губат власта во Хрватска, БиХ и Македонија, а победуваат во Србија, Црна Гора и Словенија. Веќе се чувствува голема опасност од распад на земјата. Во [[1991]] тоа и се случува. Републичките филијали на СКЈ, ја менуваат идеолошката ориентација и, под различно име, продолжуваат да постојат, некои и задржувајќи ја власта во новосоздадените држави. Таков е случајот и со [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]], која во 1991 се трансформира во [[Социјалдемократски сојуз на Македонија]] и како таков повеќе години беше на власт во [[Република Македонија]].