Римокатоличка црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 35:
===Големата Шизма===
 
Разликите во христијанското единство кое довело до [[Голема Шизма|Големата Шизма]] во [[1054]] година започнало да се чувствува уште во [[4 век]]. Причината за [[Голема Шизма|Големата Шизма]] не се гледало само во духовните разлики, но и во [[култура|културните]], [[политика|политичките]] и [[јазик|јазичните]] разлики. [[Теологија|Теолозите]] чие потекло водело од [[Западна Европа]] предимно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е философијатафилозофијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува [[грчки јазик|грчкиот јазик]], а додека во западниот [[латински јазик|латинскиот јазик]]. За разлика од [[Коптска православна црква|Коптската]] и [[Ерменска апостолска црква|ерменската црква]], кои се разделиле во [[5 век]], источната и западната црква останале подолго лојални кон верата. Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - [[Папа|Папата]] тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторите само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот симбол.
 
Со расколот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папите кој [[Православие|Православната црква]] не го прифаќа. Повеќе од папите го форсираат унијатството: така [[Папа Пиј IX]] во енциклопедијата "''Litterae ad Orientales''" ([[1848]]), [[Папа Лав XIII]] во "''Praeclara Gratulationis''" ([[1894]]), Пиј во "''Rerum Orientalis''" ([[1928]]) и "''Lux veritas''" ([[1931]]). Во [[декември]] [[1854]] година, [[Папа Пиј IX]], папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis". Во 1894 година, папа Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во [[1950]] година, во [[ноември]] папите Пиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на [[Дева Марија]] (во апостолската конституција ,,''Munificentissimus''").