Психологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 9:
Гарднер Марфи во книгата за историјата на психологијата изнесува свое гледиште за нејзиниот развој и вели дека таа почнува од времето кога човекот се заинтересирал за сопствените психолошки процеси. Според она што денес го знаеме за мислењето, можеме да заклучиме дека човекот почнал да се интересира за својот психички живот од времето кога кај него се појавило апстрактното мислење, а тоа време може да се поистовети со почетокот на развојот на човештвото. Така гледано психологијата има долга историја и би рекле долг развој. Сепак до пред крајот на XIX век, таа се развивала во рамките на филозофијата како и другите науки, а од 1879 година се развива како самостојна наука.
 
Според Фридрих Енгелс соништата го поттикнале човекот да поверува дека мислењето и чувствата не се производ на неговото тело, туку на неговата душа. Така дуализмот тело - душа, стана интересен проблем за шпекулација во философијатафилозофијата. Покрај со дуализмот, античките философифилозофи се занимавале и со многу други проблеми. Од тоа време останаа некои размислувања за човековите способности и неговата природа. Конкретно изреката на Платон "Секој човек на вистинското место" и денес е мотив на професионалната ориентација, бидејќи подразбира дека сите имаме различни способности и можеме да работиме одредени работи.
 
Од Сократ ни остана пораката "Спознај се себеси" што стана предмет на изучување на психологијата на личноста.
Ред 15:
Аристотел пишува за асоцијациите според сличност, контраст, простор и време кои ги спојуваат идеите. Така една идеја предизвикува во сеќавањето друга идеја. Психолозите кои ги прифатиле идеите на Аристотел, асоцијаинистите дури се обиделе со помош на асоцијативните врски да го објаснат мисловниот процес кај човекот, што сепак беше погрешно.
 
Античкиот лекар и философфилозоф Хипократ размислувајќи за однесувањето на луѓето заклучил дека постојат четири типа темпераменти. Од античкото време до денес постојат доста философскофилозофско - шпекулативни гледања на психичкиот живот. Сободно можеме да кажеме дека и денес на психологијата имаат свое влијание разни филозофско - религиозни насоки од Исток, како на пример зен - будизмот. Всушност, филозофијата и денес, на свој начин се занимава со психологија.
 
Човекот постојано се интересира за светот што го опкружува. Сака да ги разбере другите луѓе и нивното однесување, да ги запознае предметите и појавите, да ги предвиди процесите, а пред сè се обидува да одговори на голем број прашања во врска со својата личност и сопствената активност. Тој постојано забележува што се случува околу него, ги соопштува своите мисли, ги изразува своите желби. Секојдневно вели "мислам", "чувствувам", "сакам"... Тоа покажува дека човекот поседува психички живот.
Ред 52:
Причините за ваквата состојба се повеќекратни, но се чини најзначајни се следните:
# Историјата на психологијата е историја на борба помеѓу различни учења и школи, како резултат на што припадниците на различни (и на исти) школи давале приоритет на едни прашања од областа на психологијата, а ги поставувале или негирале другите. Тоа имало одраз врз потполното развивање на психологијата, а одтаму и врз определување на нејзиниот предмет.
# Брзото развивање на подрачјата на психологијата во последните десеттина години и стремежот на научниците од тие подрачја да преземат проблеми од општата психологија без да ја обогатат со нови знаења стекнати од истражувања во посебни области. Во врска со тоа францускиот психолог Р. Зазо, истакнува дека за психологијата е карактеристичен достатокот на единство заради нејзиниот полиморфизам. Со други зборови, може да се каже дека нема единствена психолошка наука (според Печјак; 1982). Положбата на психологијата во тријадата на науки, философскифилозофски, природни и општествени со кои е во тесна врска и од кои како што истакнува Жан Пијаже зависи нејзината иднина, а со тоа и прецизното одредување на нејзиниот предмет на проучување (Пијагет, Ј. 1969, стр. 152).
 
Социјалната страна на психичкото, нашла одраз во стремежот на научниците да го разгледуваат предметот на психологијата во зависност од општествените услови да го проучуваат нивното заемно влијание со биолошките или поединечното влијание на психичкиот живот.
Ред 71:
== Карактеристика на психологијата како наука ==
 
Психологијата како наука се наоѓа во триаголникот што го сочинуваат: философијатафилозофијата, природните науки и општествените науки. Психологијата е поврзана со природните науки бидејќи човекот е пред се биолошко суштество и затоа психологијата е поврзана со биологијата особено со физиологијата, но исто така човекот е и општествено суштесвто па затоа психологијата е поврзана со општествените науки.
 
Психологијата има уште три битни карактеристики со кои се разликува од општите сфаќања за психичкиот живот на обичните луѓе:
Ред 94:
== Психологијата и другите науки ==
 
Во системот на научните знаења психологијата има мошне значајно место. За неа може да се каже дека е и природна и општествена наука. Природна наука е бидејќи се грижи за психичкиот живот на човекот, а тоа е предмет на изучување на многубројни природни науки како што се: биологијата, анатомојата, физиологијата, биохемијата, генетиката и други, кои на психологијата и даваат потребни информации за органските основи на психичкиот живот. Психологијата е и општествена наука, бидејќи, човекот се рзавива во општествената средина под влијание на многубројни средински фактори кои се исто така, посебен предмет на исучување на разни општествени науки како што се: социологијата, историјата, философијатафилозофијата, економијата и други. Под влијание на социолошките, историските, философскитефилозофските и другите општествени фактори, човекот како личност се разликува од кој било свој современик и кој било друг поредок.
 
Од информациие кои се изложени досега може да се стекне погрешен впечаток дека психологиујата само користи ингормации на другите науки. Наведените информации треба да се прошират и да се каже дека психологијата, исто така, им дава на другите науки драгоцени прилози. Без брилијантниот ум на човекот и неговите вредни раце, кои сѐ уште ги изучува психологијата, не би ги имале сите благодети во овој живот, не би постоела никаква научна мисла, се би било така како што било на самиот почеток на развојот на човештвото. И покрај фактите, генерализациите и теориите до кои дошло во сите науки, интердисциплинарниот пристап станува се почест и во теоријата и во практиката.