Просветителство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 8:
Апсолутистичките [[Монархија|монархии]] (особено на [[Луј XIV]] во [[Франција]]) ги исцрпиле сопствените народи и материјално ги осиромашиле. [[Англија]] била најнапредната земја во [[Европа]], бидејќи во [[1688]] година, во рамките на т.н. [[славна револуција]], [[буржоазија]]та ја победила апсолутната монархија. Значителни промени во Франција ќе внесе (по смртта на Луј XIV) [[Филип Орлеански]], но вистинската промена во [[Општество|општествениот]] живот на Франција ќе се случи по [[Француска буржоаска револуција|француската буржоаска револуција]] во [[1789]] година. Сепак, карактеристично е што просветителството го потпомагаат и некои од владетелите - [[Фридрих II]], [[Марија Терезија]] и нејзиниот син [[Јосип II]], [[Катарина II]], кои докажуваат со тоа дека се вистински приврзаници на просветителскиот апсолутизам.
 
Еден од основните белези на просветителството е обземеноста со [[наука]]та. [[18 век|Осумнаесеттиот век]] некои го нарекуваат и век на [[философијафилозофија|филозофија]]та. Во овој период се формираат многу науки: [[политичка економија]], [[статистика]], [[социологија]], [[Психологија|емпириска психологија]] и споредбеното проучување на културата. Меѓутоа, философијатафилозофијата во просветителството значи социологија, [[право]] и [[политикологија]], а не филозофија во класичната смисла на зборот.
 
Први придвижници на просветителството се [[Гротиј]] и [[Спиноза]] од [[Холандија]]. [[Томас Хобс]], [[Дејвид Хјум]] и [[Џон Лок]] од Англија ја развиваат [[Емпиризам|емпириската философијафилозофија]], а [[Исак Њутн]] се истакнува со своите пронајдоци во [[физика]]та. [[Политика|Теоријата за државата]] на Лок, како и неговото сфаќање за природниот човек, влијаеле врз повеќе мислители на просветителството. Просветителството во Франција се јавува под влијание на англиското, но тоа е многу порадикално. Претставниците на просветителството се движат во насока на [[Материјализам|материјализмот]]. Германското просветителство го подготвуваат [[Томазиус]], [[Волф]], [[Лесинг]] и [[Базедов]].
 
Во областа на правниот и општествениот живот, во XVII век се развива идејата за т.н. „природно право’, која бара ослободување на социјалниот живот од верските, националните и традиционалните белези. Ова отворало решение за проблемот на жестоките верски граѓански војни кои го уништувале просперитетот на [[Европа]], поттикнувајќи ја основата за современото меѓународно право. Просветителството во XVIII век врз авторитетот на Лок ја поттикнува идејата за здравиот разум во оваа област. Филозофскиот дух, кој поттикнувал на договор и на разумна согласност на сите граѓани за остварување на сеопштата среќа и благосостојба, всушност може да се смета како форма на [[Хуманизам|хуманистички]] стремеж за реализирање на достоинствен живот без насилство, без [[деспотизам]].