Разлика помеѓу преработките на „Прв вселенски собор“

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
(→‎Симбол на верата: анахронизам)
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф))
Аријанската ерес на почетокот претставувала христолошка расправа која започнала во [[Александрија]] помеѓу следбениците на презвитер [[Ариј]] (Аријанци) и следбениците на [[Свети Александар Александриски]] (хомоосијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста.
 
Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Синот е „''роден''“ или „''создаден''“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни реони, при што [[старогрчки јазик|старогрчкиот јазик]] имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските философифилозофи. На почетокот околу дваесетина епископи го поддржале [[Аријанство|Аријанското учење]], но кога навлегле во детали, се повлекле од него и се приклучиле на мнозинството.
 
На крај, бил донесен Симболот на верата со што [[Ариј]] и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во [[Илирик]].