Исихазам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 21:
Молитвениот тиховател треба да биде и како Мојсеј на врвот на Синајската гора, да пребива таму сам и да влегува во облак, криејќи се од очите на другите. Ако би така работел, не само што ќе го види Бога “од позади”( во облак ), туку јасно ќе му се открие лицето Божјо. Гледајќи го само Бога, од Бога и ќе биде гледан, и слушајќи го Неговиот глас, прво нему на таинствен начин, ќе му се откријат тајните на Црквата Божја, а потоа тој на другите им даде закон; ќе се просвети, а потоа со својата светлина и други ќе просвети; ќе биде помилуван, потоа и тој други ќе милува. Таквиот бара и добива, па кога ќе добие-дава на оние кои од него бараат; ја раскинува врската со злото, а потоа ја раскинува и на другите.
 
Незаситената жед и глад за Бога и Неговата вечна светлина е основна движечка сила за радикално откажување од светот кое го бара преподобен Симеон Н. Богослов. Тука не се работи за некаква апстрактна философијафилозофија или религиозен мистицизам, туку за пробен ( опитен ) светотаински и светодобродетелски реализам. Тоа е жед на крстените и насочени души во светлоста на Трисончевото Божество, за општење со Христа Бога, во црквата на живиот Бог, со силата на Светиот Дух, преку очистување и духовна борба. Дека таа жед не е само својство на монасите или пустиниците, туку е во природата на сите христијани, сведочи [[преподобен Петар Дамаскин]] на околу 200 години пред св. Симеон Н. Богослов. “ Тоа е подвиг, вели тој, кој е потребен на сите луѓе, било поединечно, било целосно. Без него е невозможно да се здобие со духовно знаење и смиреноумие; оној кој го сака, преку него му стануваат јасни Божјите Писма и сите скриени тајни”.
 
== Исихазмот на Света Гора Антоска ==