Деловна етика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 65:
 
=== ''Утилитарен приод'' ===
''Утилитарниот'' (''[[утилитаризам]]'') ''приод'' претставен од философитефилозофите од 19тиот век — [http://en.wikipedia.org/wiki/Jeremy Bentham Џереми Бентхам] и [http://en.wikipedia.org/wiki/John Stewart Mill Џон Стујат Мил], опфаќа дека моралното однесување го создава најдоброто за најголем број луѓе. Според овој приод од одлучувачот се очекува да го пресмета ефектот од секоја алтернатива во сите делови и да ја избере онаа која го оптимизира задоволството за најголемиот број луѓе. Бидејќи вистинското пресметување може да биде многу сложено, неговото поедноставување се смета за соодветно. На пример, едноставна економска рамка на податоци може да биде искористена со пресметка на вредноста на доларот и добивката од доларот. Исто така одлуката може да се донесе така што ќе се земат предвид само оние кои се директно зависни од истата, а не оние кои се индиректно опфатени. Утилитарната етика е наведена како основа за моменталниот тренд помеѓу компаниите да ги спречат личните навики на вработените како — консумирањето на алкохол и цигари на работа во некои случаи и после работа бидејќи и ваквото однесување го опфаќа целото работно место. Слично, многу компании расправаат дека следењето на тоа како вработените го трошат нивното време на ''[[интернет]]'' е потребно за да ја одржат етичката ''[[клима]]'' во компанијата и продуктивноста на работа. Доколку вработените гледаат порнографски сајтови, посетуваат чет-соби или поминуваат часови пазарејќи или тргувајќи преку интернет, целата организација ултимативно страда. Друг пример за овој приод е кога донесувачите на одлуки во бизнисот, ги користат профитот, ефикасноста, и другите критериуми за мерење на перформансите за да оценат што е најдобро за повеќето луѓе. Менаџерот може да направи утилитаристичка одлука да намали 30 % од вработеноста за да може да ги зачува работните места на останатите 70 % на вработените во фабриката.
 
=== ''Индивидуалистички приод'' ===