Данте Алигиери: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.125.216.206 (разговор), вратено на последната верзија на ГП
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 34:
 
==Творештво==
Во раните години од прогонството од Фиренца, Данте тој напишал две важни дела на [[латински јазик]]. Првото е „[[За народниот говор]]“ (''De Vulgari Eloquentia'') од 1304- 1305 во коешто тој го дефинира народниот јазик како средство за литературно изразување и се обидува да воведе критериум за користење на пишуваниот [[италијански јазик]] и [[италијанска поезија]]. Своите целосни [[Филозофија|философскифилозофски]] и книжевни идеи ги изложил во незавршеното дело „Гозба“ (''Convivio'') од 1304-1307, напишано на народен јазик, кое требало да биде приказ, во 15 книги, на целото знаење во тоа време. Од ова дело биле завршени само првите четири книги. Во делото „[[За монархијата]]“ (''De Monarchia''), напишано на [[латински јазик]], Данте ги изложил своите [[Политика|политички]] сфаќања за поделба меѓу верската и политичката власт, од кои првата треба да И припадне на [[Црква|црквата]], а втората на владетелот. Исто така, тој напишал и неколку други помали дела, како што е „Epistolae“.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 225.</ref> Важно дело на Данте Алигиери е „[[Нов живот]]“ (''La vita nuova''), кое го напишал непосредно по смртта на Беатриче. Делото се состои од [[сонет]]и и [[Канцона|канцони]] (љубовни поеми), проткаени со прозни објаснувања. Во него се раскажува за љубовта на Данте кон Беатриче, како и неговото претчувство за нејзината смрт. Делото е едно од најголемите и најубавите примери на љубовна [[поезија]] во европската литература.
 
Сепак, централно место во творештвото на Данте има неговата [[поезија]]. Притоа, делото „Рими“ не излегува од рамките на тогашната љубовна поезија, но во него може да се најдат и неколку поетски бисери. Делото „Нов живот“ претставува еден вид автобиографски љубовен роман во кој стиховите напишани во чест на неговата љубов Беатриче се надополнети со прозни текстови во кои се опишува душевната состојба во која се составени тие [[стих]]ови. Инаку, поетската личност Беатриче ја претставува девојката Биче ди Фолко Портинари, која Данте ја видел уште како дете и во која се вљубил во 1289 година, а набргу таа умрела млада. Во согласност со учењето на поетската школа „Dolce stil nuovo“ на која И припаѓал Данте, во своите стихови Данте ја претставил Беатриче како идеализиран лик на жена која е слична на [[ангел]] и која претставува идеал на љубов и возвишена чистота. Притоа, во последната глава на „Нов живот“, Данте ја изразува надежта дека за Беатриче ќе го испее „она што никогаш не е речено ниту за една друга жена“.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 225.</ref>
 
Иако не се знае кога е точно напишано делото „Божествена комедија“, се смета дека Данте започнал да работи на неа во времето кога веќе бил во прогонство. Притоа, со сигурност се знае дека „[[Пеколот (Божествена комедија)|Пеколот]]“ и „[[Чистилиштето (Божествена комедија)|Чистилиштето]]“ биле завршени пред април 1314 година, додека третиот дел „[[Рајот (Божествена комедија)|Рајот]]“ бил напишан пред крајот на неговиот живот.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 226.</ref> Иако Данте ја започнал „Божествената комедија“ со намера да го слави ликот на Беатриче, потоа делото добило многу поширок опфат, т.е. тоа претставува портрет на целиот средновековен општествен, политички, философскифилозофски и културен свет. Притоа, Данте ја презел формата на алегоричната поема од средновековната поетска традиција, а во намерата своите сфаќања за потребата од повисока правда да ги направи достапни на пошироката јавност, тој одлучил делото да го напише на народен [[италијански јазик]], наместо на [[латински јазик]], како што било вообичаено да се пишува во тоа време. Поради содржината, која тече од тажен почеток кон среќен крај, и поради разбирливиот [[јазик]] на којшто е напишано, делото било наречено „Комедија“, а дури во [[16 век]] тоа било објавено со насловот „Божествена комедија“, како што е познато до ден-денес.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 226.</ref>
 
== Надворешни врски ==