Гастрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 2:
'''Гастрономија''' (од [[старогрчки јазик|старогрч.]] ''гастрос'' „стомак“, и ''номос'' „знаење“ или „закон“) е наука за соодносот помеѓу [[култура]]та и [[храна]]та. Честопати поимот гастрономија погрешно со поврзува исклучиво само со готвењето. (видете [[Кулинарство]]), но тоа е само мал дел од оваа дисциплина: не секој [[готвач]] е и [[гастроном]]. Гастрономијата изучува различни културни компоненти со храната како точка на фокус. Така, таа е сродна на [[убави уметности|убавите уметности]] и [[општествени науки|општествените науки]], па дури и на [[природни науки|природните науки]] во контекст на варењето на храната во човековото тело.
 
Главните активности на гастрономот се откривање, испробување, искусување на храна, вршење истражувања за храна, утврдување на наученото и пишување за истата. Затоа гастрономијата е интердисциплинарна активност. Проникливото набљудување нѐ доведува до заклучокот дека околу храната постојат и [[танц]], [[драматургија]], [[сликарство]], [[вајарство]], [[книжевност]], [[архитектура]] и [[музика]]; со други зборови, убави уметности. Но таа подразбира и [[физика]], [[математика]], [[хемија]], [[биологија]], [[геологија]], [[агрономија]], како и [[антропологија]], [[историја]], [[философијафилозофија]], [[психологија]] и [[социологија]]. Примената на научните знаења врз готвењето и гастрономијата се нарекува [[молекуларна гастрономија]].
 
Прв формален третман на гастрономијата наоѓаме во книгата ''Психологија на вкусот'' од францускиот гастроном [[Жан Антелм Брија-Саварен]] (ран XIX век). Наспроти традиционалните готварски книги, ова дело го изучува соодносот помеѓу [[сетило|сетилата]] и храната, третирајќи го уживањето на трпезата како наука. Во последно време забележуваме посебна посветеност на принципите на гастрономијата со основањето на движењето [[Бавна храна]] (Slow Food) во 1986 година, кое во 1989 година прераснува во организација, денес пристуна во 160 земји со 1300 локални ограноци, наречени конвивиуми. Организацијата во 2004 година отвора [[Универзитет за гастрономски науки|Универзитетот за гастрономски науки]] во Бра, Италија. <ref>[http://www.unisg.it Универзитет за гастрономски науки] {{en}} {{it}}</ref>