Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 42:
 
Александар ја имал и среќата да стане ученик на еден од најголемите [[филозоф]]и во [[антика]]та. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довел [[Аристотел]] во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш имал околу четириесет години и сѐ уште бил далеку од неговата понатамошна слава. Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел [[Хермиј]], кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи. По смртта на [[Платон]], Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија.
Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.”{{факт}} Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, подоцна првиот ќе стане генијален, херојски настроен [[војсководец]] и обединител на [[Азија]] и [[Европа]], а вториот - генијален философфилозоф, во кој се созреала и кулминирала двовековната философскафилозофска и научна мисла на [[Хелени]]те.
 
Во малото место [[Миези]], во внатрешноста на Македонија, во градот [[Нимфеон]], идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по [[Гимнастика|гимнастички вежби]], [[јавање]], [[лов]] и игри се замениле со читање песни и разговори за [[поезија]]та, со учење [[геометрија]], [[астрономија]], [[реторика]] и [[еристика]]. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на [[Хомер]] и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле [[Херакле]] и [[Ахил]], кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, може да се препише и неговото големо интересирање за природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки [[Експедиција|експедиции]] кои ги збогатиле [[географија]]та, [[етнологија]]та, [[биологија]]та, [[ботаника]]та, [[метеорологија]]та и многу други науки.