Тиранија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating interwiki links, now provided by Wikidata on d:q180095
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
{{Политика}}
 
Зборот '''Тиранија''' има голем број значења како на пример: [[облик на владеење]] што е најчесто употребуван. Ние ќе се задржиме на претходно наведеното за да видиме зашто е важно за политиката, пред се за општеството. Овој облик на владеење бил проучуван и објаснуван уште од [[КсенофонКсенофонт]] и [[Платон]], потоа [[Николо Макијавели]], а применуван и од [[Адолф Хитлер]].
 
Уште [[Платон]] го поставил, односно ја поставил тиранијата како облик на владеење коешто настанува поради [[демократија]]та зашто според него од преголема [[слобода]] на мнозинството настанува хаос во општеството при што доаѓа до ропство на сите. И токму поради тоа што демократијата ја сметал за главен „виновник“ за појавата на тиранијата, Платон имал негативно мислење за неа.
 
Понатаму и КсенофонКсенофонт во своето дело „Хиеронт” или „За тиранинот“ ни ги опишува карактеристиките на еден претставник на тиранијата. КсенофонКсенофонт вели дека тиранинот е во очајна позиција, бидејќи како што ја зголемува својата способност така оние кои што се приврзани кон него полека стануваат негови непријатели. Поради мислењето дека „оној кој се преправа дека најмногу те сака, сонува најмногу завери“, тиранинот не смеел да верува дека е сакан од некого. Тираните се всушност робови. Ова го велам тргнувајќи од фактот дека обичниот човек може да се движи каде сака без страв дека ке биде убиен, а тиранинот,без разлика кој тиранин, во било која земја се чувствува како во непријателска. Обичниот човек може да ја менува својата положба, а тиранинот не може бидејќи се плаши од смрт, односно од ликвидација. Тиранинот не ужива во јадењето толку колку што ужива обичниот човек, бидејќи храната ја има во изобилство. Тираните имаат поголема доверба во странците, отколку во сопствените граѓани, бидејќи ги држат во ропство. Тираните поставуваат стража насекаде околу себе бидејќи сите околу себе ги сметаат за непријатели. Меѓутоа важно е да се напомене дека тиранијата не е карактеристична само за еден владетел, односно само еден да биде владетел. Може да има и случај во кој власта ќе има една група во општеството од која што ќе биде злоупотребувана за остварување на сопствени цели на сметка на народот. На ваков облик на тиранија наидуваме и денес во некои држави каде што власта е претставена како демократска. Точно е дека народот ги избира неговите водачи, но за жал тие водачи искористувајќи ја довербата на народот секако се заинтересирани за свои цели.
 
И [[Николо Макијавели]], еден од најпознатите италијански мислители во 16-от век на еден посебен начин ни го претставува тиранинот во делото „[[Владетелот]]” напишано во [[1513]] година. Во ова дело владетелот според Макијавели е должен во секое време да прави зло со цел да ја обедини државата и да ги искористи сите средства за нејзина заштита. Во тој контекст идејата да се обедини државата би била до некаде во ред, но да се искористи народот за да се дојде до врвот во власта и потоа искористување на таа авторитативна положба за свои цели е апсолутно погрешно.