Џон Толанд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 1:
'''Џон Толанд''' ([[англиски]]: ''John Toland'') - ([[30 ноември]] [[1670]], Ардаг, [[Ирска]] - [[11 март]] [[1722]], [[Лондон]], [[Англија]]) англиски философфилозоф.

== Биографија ==
Ред 10:
[[Податотека:Pantheisticon, sive formula celebrandae sodalitatis - Upper cover (c69e5).jpg|мини|лево|Предната корица на „Pantheisticon“ од 1720 год.]]
=== Пантеизмот на Толанд ===
Низ целото творештво на Толанд провејува борбата за слобода на мислењето. Според него, слободното изразување на мислите е услов за јавна афирмација на вистината. Оттука, Толанд се борел против верската нетолеранција и политичката тиранија. Во тој поглед, Толанд се солидаризирал со [[философфилозоф]]ите-[[Пантеизам|пантеисти]], сметајќи ги за „непријатели на сите тирани, без оглед на тоа дали се монарси или деспоти, олигархиски оптимати или анархистички деспоти“. Според него, „пантеистот нема никого да прогонува само поради неговите уверувања, т.е. неговите зборови и дела, доколку тие никому не причинуваат штета“. На тој начин, проширувајќи ја толеранцијата и на атеистите, во борбата за верска толеранција, Толанд отишол чекор напред во однос на [[Џон Лок]], кој ги исклучувал нив.<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 95-96.</ref>

Во продолжение, Толанд се залага и за внатрешна слобода, т.е. луѓето треба да се ослободат од сите авторитети кои им ја заробуваат слободната мисла. Тука, тој во прв ред мисли на [[религија]]та со нејзините догми. Во тој поглед, Толанд ја продолжил традицијата на таткото на англискиот [[деизам]], [[Херберт од Чербери]] (''Herbert of Cherbury''), кој на почетокот на [[17 век]] се залагал за „природна“ или „разумна“ религија. Така, во делото „Nazarenus“, Толанд вели дека неговата религија нема да содржи ништо таинствено, несфатливо и воопшто, „ништо што би придонесувало за поробување на духот и телото на народот, ништо што би им служело на намерите на владетелите и свештениците против доброто на човечкиот род“. Притоа, своето религиозно-философскофилозофско учење, Толанд го делел на два дела: ''егзотерично'' (надворешно или народско и расипано), кое е наменето за јавна употреба, и ''езотерично'' (внатрешно или чисто и вистинско), наменето само за тајни кружоци на избраната интелектуална елита.<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 96-97.</ref>

Причината за оваа поделба, произлегува од потребата да се избегне реакцијата на власта, зашто, според него, „ниедна религија не трпи да ѝ се противречи...на празноверните и лицемерни приврзаници на религијата...треба да им заблагодариме за раздорот, расцепот, казните, жигосувањето, апсењето, прогонствата и убивањето“. Оттука, Толанд се залагал за внимателно пропагирање на пантеистичката философијафилозофија, т.е. пантеистот „на своја сопствена штета нема да ѝ се спротивстави на вообичаената религија, која во философскитефилозофските работи отстапува од вистината, но нема ниту целосно да молчи, ако му се укаже поволна прилика... пантеистите нема да истапат отворено пред да им биде дозволено да мислат што сакаат и да го кажат она што го мислат“.<ref>„John Toland“ во: Gajo Petrović, ''Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa''. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 98.</ref>