Ерих Кестнер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
authority control moved to wikidata
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
Ред 28:
Кога [[Хитлер]] и [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|националсоцијализмот]] ја освојуваат власта во [[1933]] година, многу познати германски писатели антифашисти се принудени да емигрираат во други европски и воневропски земји, а [[Готфрид Бен]] и Ерих Кестнер остануваат во [[фашистичка Германија]], но како [[антинацист]]и. Осудени се на молчење, необјавување, книжевна смрт. Во тоа време и сè до конечното уништување на Хитлеровска Германија во мај 1945 година, Хитлеровците ги палат сите книги со напредни идеи и содржини. Ерих Кестнер гледа како горат неговите дела, верувајќи сепак дека хуманистичкиот дел на човештвото ќе победи еден ден и дека неговите книги најпосле трајно ќе заживеат свој втор живот.
 
Во тоа време на [[Концентрационен логор|концлогори]] и на воено уништување на [[Европа]] и делови од [[Африка]], Ерих Кестнер е млад творечки оневозможен, но и доволно познат и ценет писател во [[Германија]] и [[Европа]], пред сè со своето дело за деца „Емил и детективите“ ([[1928]]), но познат и како поет, драмски писател, романсиерроманописец и сатиричар. Работел и како новинар, и тоа се чини оставило длабоки траги во неговото дело. Тој е мошне обраозван човек. Веќе во [[1925]] година е доктор по филозофија.
 
Во неговит голем опус се издвојуваат романите: „Фабијан“, „Мал граничен промет“, „Исчезнатата минијатура“; потоа драмите „Животот во ова време“, „Училиште за доктори“; стихозбирките „Кратко и јасно“, „Срце на опашот“, „Малата лирска куќна аптека на д-р Е.К.“, „Врева во огледалото“; филмското сценарио за познатиот филм „Минхаузен“; романите за деца „Емил и детективите“, „Летечкиот клас“, „Тончек и Точкица“, „Двојната Лота“, „Емил и тројцата близнаци“, „35-ти мај“ и други.