Избришана содржина Додадена содржина
Ред 417:
Здраво - овде пишуваш дека оваа слика [https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%9E%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%88%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B0_2.jpg] е од гробот на Јигит паша (очигледно пред реставрацијата на турбето во 16 година). Но гробот ми се гледа да не е истиот. [http://www.yenibalkan.com/kultur/uskup-fatihi-yigit-pasanin-turbesi-acildi-h6856.html], а ова е описанието на соседниот гроб на Меддах Баба [http://www.niskn.gov.mk/Detail.aspx?kdID=659]: "На нишанот покрај главата се наоѓа натпис со арапска транскрипција посветен на покојникот, а над него, во самиот надгробен камен е изрежана розета." Да не е Меддах? --[[User:Мико|Мико]] <small>([[User talk:Мико|разговор]])</small> 08:08, 28 септември 2017 (CEST)
:{{одговор|Мико}} Здраво Мико. На просторот на верско-меморијалниот комплекс на Јигит-паша и Меддах-баба пред неговото неодамнешно обновување се наоѓаше гроб кој беше познат како остаток од турбето на Јигит-паша. Во текот на 2014 година се спроведени археолошки истражувања и со нив можеби е утврдено дека тоа е всушност гробот на Меддах-баба. Во последните неколку години во Старата скопска чаршија се обновени многу знаменитости, така што фотографиите на кои се гледаат остатоци од споменици кои ги имам направено пред 4-5 години повеќе не даваат вистинска слика (пр. [[Турбе на Исхак-бег]]). За среќа, пред извесно време го посетив комплексот и имам направено фотографии кои планирам да ги подигнам и да ги дополнам статиите со новите сознанија. Поздрав.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 08:44, 28 септември 2017 (CEST)
::Добро. Еве ги и нашиве статии [[:bg:Игит паша тюрбе]] и [[:bg:Гроб на Медах Баба]] :)). Поздрави. --[[User:Мико|Мико]] <small>([[User talk:Мико|разговор]])</small> 08:59, 28 септември 2017 (CEST)