Дијана (принцеза од Велс): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 67:
== Личниот живот по разводот ==
 
По разводот Дијана го задржа нејзиниот двоен стан на северната страна од Кенсингтонската палата кој таа го делеше заедно со принцот Чарлс уште од нивната прва година во брак, а кој остана нејзин се до смртта. Дијана скоро две години излегуваше со почитуваниот кардиохирург Хаснат Кан од [[Џелам (град)|Џелам]], Пакистан, се додека тој не ја прекина врската. По нејзината смрт од страна на нејзините најблиски пријатели тој беше нарекуван “љубовта на нејзиниот живот“. Кан бил крајно дискретен и врската се одвивала во тајност, а Дијана ги лажела новинарите кога ја прашувале за оваа нејзина врска. Кан припаѓа на традиционално пакистанско семејство кое очекувало тој да се ожени со девојка во сродство со муслимански клан и разликите меѓу него и Дијана, не само религиските, беа премногу големи за нив.Според сведочењето на Кан за време на истрагата за нејзината смрт, тој изјавил дека самата Дијана ја прекинала нивната врска во јуни 1997 година за време на една вечерна средба во Хајд Парк кој се граничи со Кенсингтонската палата. Истото лето, во рок од еден месец Дијана почнала да излегува со Доди Ал Фајед, кој бил син на нејзиниот домаќин за тоа лето, Мохамед Ал Фајед.Дијана размислувала да ги однесе нејзините синови тоа лето во Хемптонс на Лонг Ајленд, Њујорк, но безбедносните служби го спречија тој план. По донесувањето на одлуката да не патуваат на Тајланд, таа ја прифати поканата на Фајед да му се придружи на неговото семесјтво на југот од Франција каде заградениот простор и многубројното обезбедување нема да предизвикаат грижа за кралската служба за заштита. Мохамед Ал Фајед купил јахта вредна повеќе милиони фунти на која планирал да ги забавува принцезата и нејзините синови.
 
=== Нагазни мини ===