Анархосиндикализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Првата Светска Војна +Првата светска војна)
Ред 10:
Основните принципи на анархосиндикализмот се [[Работничка солидарност|работничката солидарност]], [[Директна акција|директната акција]] и работничкото самоуправување. Работничката солидарност значи дека анархосиндикалистите сметаат дека сите работници, без разлика на нивната полова или етничка припадност, во поглед на нивните шефови тие се класно свесни. Понатаму, тоа значи дека во капиталистичкиот систем било која добивка или загуба на работниците од шефовите ќе има влијание над сите работници. Оттаму за да се ослободат самите, сите работници мора да се поддржуваат во нивниот класен конфликт. Анархосиндикалистите сметаат дека само директна акција, т.е. акција сконцентрирана директно на постигнување на одредена цел, ќе им овозможи на работниците да се ослободат. Спротивно на тоа е индиректната акција, како на пример избирање на претставник во власта. Анархосиндикалистите сметаат дека работничките организации, организациите што се борат против наемниот систем, и во кој, во анархосиндикалистичката теорија, евентуално ќе ја формира основата на новото општество, треба да бидат самоуправувани. Тие не треба да имаат шефови или бизнис агенти, наместо тоа работниците треба да бидат во можност да одлучуваат за сите работи кои се однесуваат за нив.
[[Рудолф Рокер]] беше еден од најпопуларните гласови на анархосиндикалистичкото движење. Тој се посвети себеси на организирање на еврејските емигрантски работници во East End на [[Лондон]] и го поведе штрајкот на работниците за облека во 1912 година. Тој ги подвлече корените на движењето, целите, и зошто е важно тоа во иднината на трудот, во неговиот памфлет од 1938 со името Анархосиндикализам. Во неговото дело Анархизам и анархосиндикализам, Рокер укажува на тоа дека анархосиндикалистичкиот синдикат има двојна цел, {{Цитат|'''1.''' Да ги засили барањата на производителите за чување и за подигнување на нивниот стандард на живеење;
<br />'''2.''' Да ги запознаат работниците со техничкото управување на производството и економскиот живот воопшто и да ги подготват за заземање на социо-економскиот организам во нивни раце и да го обликуваат според социјалистичките принципи“. Накратко, да се постават темелите на новото општество „во школката на старото.}} Се до [[Првата Светскасветска Војнавојна]] и [[Руската револуција]], анархосиндикалистичките синдикати и организации беа доминантни актери во револуционерната левица.
 
 
Ред 27:
 
Иако термините анархосиндикализам и револуционерен синдикализам често се користат еден наместо друг, анархосиндикалистичката етикета не беше широко користена се до 1920-тите. Терминот анархосиндикалистички стана широко употреблив во 1921 и 1922 кога беше применет полемички како пејоратив од страна на комунистите за сите синдикалисти кои се спротивставуваа на зголемената контрола на синдикализмот од страна на комунистичките партии. Всушност, оригиналниот текст на целите и принципите на Интернационалната работничка асоцијација (1922) не се однесува на анархосиндикализмот, туку на револуционерниот синдикализам.
Употребата на терминот анархосиндикалистички значи зголемување на јазот помеѓу пропонентите на ортодоксниот, политички Марксизам и синдикалистите кои предлагаа комплетна независност од политичките партии после Руската револуција, како и преместувањето во повеќе политичка доктринарна верзија на [[Синдикализам|синдикализмот]]. Како широка идеолошка насока, пред Првата Светскасветска Војнавојна и Болшевичкото освојување на власта во [[Русија]], револуционерниот синдикализам имаше во своите редови бројни левичарски тенденции заедно обединети на класна основа без официјална етикета, како што е подвлечено во Charter of Amiens.
 
== Односи со партиски политики ==