Замоци на Лоара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Прва Светска војна +Прва светска војна)
Ред 25:
Кон средината на XVI век, кралот [[Франсоа I]] го преместил центарот на моќта од Лоара кон старата престолнина Париз. Со него пошле и големите архитекти, но кралското семејство и понатаму претпочитало да го минува најголемиот дел од времето крај Лоара. Со доаѓањето на [[Луј XIV]] на власт во средината на XVII век, градот Париз станал трајно средиште на администрацијата и власта по изградбата на [[Версај]]. Меѓутоа оние под покровителство на кралот и [[буржоазија]]та продолжиле со реновирање на постоечки замоци или да градат одново како летни резиденции крај Лоара.
 
Со [[Француска револуција|Француската револуција]] низа замоци на Лоара биле уништени, а многу биле опустошени и нивните ризници биле ограбени. Прекуноќното осиромашување на укинатото [[благородништво]], обично откако еден од неговите членови ја загубил главата на [[гилотина]], значело рушење на многу замоци. За време на [[Прва Светскасветска војна|Првата]] и [[Втора Светска војна|Втората светска војна]] некои замоци станале воени штабови. Некои од овие продолжиле да се користат за таа намена и по 1945.
 
Денес овие замоци се во приватна сопственост и служат како домови, а неколку ги отвараат нивните врати за туристи, додека други се хотели или пансиони. Многу од нив се преземени од локалните власти, додека гигантските градби како [[Шамбор (замок)|Шамбор]] се во сопственост и под управа на владата и се големи туристички атракции, привлекувајќи стотици илјади посетители годишно.