Буркина Фасо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Прва Светска војна +Прва светска војна)
Ред 80:
Во текот на [[1896]] година, [[Кралство Моси|кралството Моси]] било преземано од страна на [[Французи|Французите]]. До [[1904]] година целата денешна земја била под власта на [[Франција]] и била вклучена во составот на [[Француска Западна Африка]] под името [[Горна Волта]], заедно со [[Мавританија]], [[Сенегал]], [[Француски Судан]] (денеска [[Мали]]), [[Француска Гвинеја]] (денеска [[Гвинеја]]), [[Брегот на Слоновата Коска]], [[Нигер]] и [[Дахомеј]] (денеска [[Бенин]]).
 
Во времето на [[Прва Светскасветска војна|Првата светска војна]], жителите на денешната земја војувале на страната на Французите. Во [[1919]] година Горна Волта се одделила како самостојна колонија, до [[1932]] година, кога била соединета со [[Мали]], [[Брегот на Слоновата Коска]] и [[Нигер]]. Во [[1958]] година земјата била прогласена за република во рамките на француската управа. Својата независност Горна Волта ја добила на [[5 август]] [[1960]] година. Од истата година земјата станала член на [[ООН]].
 
Првиот претседател бил [[Морис Јамеого]], претседател на Демократскиот сојуз. На таа функција Јамеого останал до [[јануари]] [[1966]] година кога главно поради политичката и економската криза му бил зададен воен удар. Милитаристичката власт, на чело со [[Сангуле Ламизана]], го распуштил собранието и политичките партии. Но, покасно сепак повеќепартискиот систем бил воведен и така во [[1970]] година бил изгласен новиот устав. По ова биле спроведени демократски избори на кои победиле демократите. Претседател на земјата останал Ламизана, а во периодот од [[1971]]-[[1974]] година премиер станал лидерот на демократскиот сојуз. Во [[1974]] година парламентот повтрно бил распуштен, за да во [[1978]] година биде изгласен повторно нов устав. По само две години се случил нов воед удар од страна на [[Сеј Зербо]]. Во следните години земјата била зафатена од постојани конфликти и воени преврати.