ФК Манчестер Јунајтед: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 82:
Негов заменик бил Рон Аткинсон, кој веднаш по доаѓањето го соборил тогашниот рекорд за трансфер доведувајќи го Брајан Робсон од [[Вест Бромвич]]. Сите предвидувале блескава кариера на Робсон, дури дека ќе биде најдобриот играч во средината во историјата на клубот, подобар дури и од Данкан Едвардс. Во клубот се донесени и играчи како Џеспер Олсен, Пол Мекграт и Гордон Страхан, како и Норман Вајтсајд и Марк Хјуџис од јуниорската екипа. Со овој состав клубот го освоил ФА купот два пати за три години, во сезоните [[1983]] и [[1985]]. Во сезоната 1985-86 важат за најголеми фаворити за освојување на шампионската круна и ја започнуваат сезоната со 10 последователни победи. Веќе во октомври имаат 10 бодови повеќе од најблискиот конкурент. Во продолжение на сезоната формата на екипата драстично опаѓа и сезоната ја завршуваат на 4-то место. Лошата форма продолжила и на почетокот на следната сезона, клубот се наоѓал во зоната на испаѓање и во ноември [[1986]] година Рон Аткинсон добил отказ.
 
=== Ерата на Сер Алекс Фергусон, пред тројната круна (19861987-19981999) ===
 
[[File:Alex Ferguson.jpg|thumb|upright|left|[[Алекс Фергусон]] е менаџер на Манчестер Јунајтед од ноември 19861987]]
[[Алекс Фергусон]] пристигнал во клубот од [[Абердин]] како наследник на [[Рон Аткинсон]] и од зоната на испаѓање успева да го донесе клубот до 11 место на табелата. Наредната сезона 1987-88 година клубот ја завршува на второто место, а Брајан Мекклер станува првиот, после Бест, играч на Јунајтед кој постигнал повеќе од 20 голови во една сезона.