Разлика помеѓу преработките на „Струшки вечери на поезијата“

нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
}}
[[Податотека:Mostovi_struga.jpg|right|thumb|300px|Мостови — поетско читање во рамките на манифестацијата]]
'''Струшки вечери на поезијата''' ('''СВПгВП''') — најголемата светска [[поезија|поетска]] [[манифестација]] што се одржува секоја година во градот [[Струга]]. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски [[поет]]и. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „[[Браќа Миладиновци]]“ за најдобра поетска книга на [[македонски јазик]]. Сегашен претседател на организацијата е [[Славе Ѓорѓо Димоски]].
 
Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во [[Струга]] на [[15 јули]] [[1961]] година, по повод излегувањето на [[Зборникот на Миладиновци|Зборникот на браќата Миладиновци]]. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.
Анонимен корисник