Мари-Софи Жермен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 26:
 
==Творештво==
Во 1808 година, [[Француска академија на науките|Француската академија на науките]] организирала натпревар, финансиран од [[Наполеон]], во кој требало математички да се докаже дел од законот за вибрација на еластични површини. Тогаш, Жермен навлегла во подрачјето на [[Еластичност (физика)|еластичноста]]. Првиот пат, таа била единствениот учесник на натпреварот, но нејзиниот труд бил одбиен од комисијата, затоа што не поседувала формално образование. Потоа, Жермен стапила во контакт со Лагранж, кој ѝ помогнал да ги поправи грешките во трудот и така, таа се пријавила по вторпат на конкурсот. Подоцна, по многу потрошено време, таа се пријавила и по третпат на конкурсот и тогаш ја освоила наградата. Потоа, таа станала првата жена во историјата која самостојно присуствувала на состаноците на Академијата, а исто така, таа била поканета и на некои настани на Францускиот институт (''Institute de France'').<ref>Нина Дечева, „Софи Жерман - Математичарката под машки псевдоним“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 231, септември 2017, стр. 85.</ref>
Како еден од пионерите на теоријата на еластичност, освоила награда на Парискиот универзитет за наука за есеј на оваа тема. Нејзината работа на [[Фермаова последна теорема|Фермаовата последна теорема]] (попозната како Фермаовата голема теорема) обезбедила основа за математичарите кои истражувале наоваа тема по стотици години подоцна. Поради предрасудите кон жените во тие години не била во можност да направи кариера во областа на [[математика]]та, но нејзе ѝ го посветила поголемиот дел од својот живот. Во знак на признание за нејзиниот придонес во унапредувањето на математиката како наука, доделена ѝ е диплома од Универзитетот во [[Гетинген]], шест години после нејзината смрт{{sfn|Osen|1974|p=91}}. Дел од нејзината работа ја објавил Арман-Жак Лербет (франц. Armand-Jacques Lherbette), синот на нејзината постара сестра Мари-Мадлин, после нејзината смрт. А на стогодишницата од нејзиното раѓање, една улица и женско училиште се наречени по нејзиното име. [[Француска академија на науки|Француската академија на науки]] во нејзина чест воспоставила награда Софи Жермен (франц. Prix Sophie Germain).
 
Голем дел од животот Жермен работела на [[Теорија на броевите|теоријата на броевите]] при што соработувала со германскиот математичар Гаус. Исто како на Лагранж, и нему таа му ги испратила своите истражувања, под псевдонимот М. Ле Блан, и [[Карл Фридрих Гаус|Гаус]] се заинтересирал за неа, но набргу ја прекинал соработката бидејќи заминал да предава на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]]. Сепак, подоцна, тој го убедил универзитетот да ѝ додели на Жермен почесен докторат, но таа претходно починала.<ref>Нина Дечева, „Софи Жерман - Математичарката под машки псевдоним“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 231, септември 2017, стр. 85.</ref> {{sfn|Osen|1974|p=91}}
 
Нејзината работа на [[Фермаова последна теорема|Фермаовата последна теорема]] (попозната како [[Фермаовата голема теорема]]) обезбедила основа за математичарите кои истражувале на оваа тема стотици години подоцна. По нејзината смрт, дел од нејзината работа објавил Арман-Жак Лербет (''Armand-Jacques Lherbette''), синот на нејзината постара сестра Мари-Мадлин.
 
==Признанија==
На стогодишнината од раѓањето на Мари-Софи Жермен, една улица и едно женско [[училиште]] се наречени по нејзиното име. Исто така, во нејзина чест, [[Француска академија|Француската академија]] ја воспоставила наградата „Софи Жермен“ (''Prix Sophie Germain'').