Разлика помеѓу преработките на „Бахами“

Додадени 10 бајти ,  пред 2 години
с
нема опис на уредувањето
с
}}
 
'''Бахами''' или '''Бахамски Острови'''({{lang-en|The Bahamas}}); официјално: '''Државна Заедница Бахами''' (''Commonwealth of the Bahamas'') — островска држава во [[Средна Америка|Средна]]/[[Северна Америка]] која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во [[Атлантскиот Океан]], северно од [[Куба]] и [[ХиспањолаХиспаниола]], северозападно од островите [[Туркс и Кајкос]] и југоисточно од [[САД]]. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 километри квадратни со вкупно население од околу 330.000 жители. Главен град на државата е Насау. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба, ХиспањолаХиспаниола и останатите Карипски Острови.
 
Првично, Бахамите биле население од [[Лукајани]], етничка група дел од групата на [[Таинци|таински народи]]. Во [[1492]] година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал [[Кристофер Колумбо]]. Со доаѓањето на [[Шпанци]]те во [[Карипското Море]], Бахамите не станале нивен протекторат, но староседелското население било префрлено на ХиспањолаХиспаниола како робови. Така, островите останале напуштени од [[1513]] до [[1648]], кога пристигнале британските колонизатори од [[Бермуда]] и се населиле на островот [[Елеутера]].
 
Во [[1718]] година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност, илјадници британски приврзаници и поробени [[Африканци]] се населиле на Бахамите и основале економија која се базирала на плантажи. Во [[1807]] година во [[Британска Империја|Британската Империја]] било укинато ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на [[19 век]]. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.
{{Главна|Историја на Бахамите}}
 
[[Таино]] луѓето се населиле во ненаселениот дел од јужните Бахами од [[ХиспањолаХиспаниола]] и [[Куба]] околу 11 век п.н.е. Овие луѓе подоцна биле познати како [[Лукајани]]. Се проценува дека ги имало нешто повеќе од 30.000 во времето кога Колумбо пристигнал на островот во 1492. Првото пристигнување на [[Кристофер Колумбо]] било на остров наречен [[Сан Салвадор]] (познат на Лукајаните како Гуанахани), што е општо прифатен и денес како островот Сан Салвадор југоисточно во Бахамите. Една алтернативна теорија смета дека Колумбо пристигнал на југоисток на Островчето Самана според пресметките направени во 1986 од писателот и уредник [[Џозеф Џаџ]] од „Нешнл Џиографик“ (''National Geographic'') основани врз бродскиот дневник на Колумбо. Доказите што ја поддржуваат оваа теорија се неубедителни. При пристигнувањето на островот, Колумбо го остварил првиот контакт со Лукајаните и разменил добра со нив.
 
Шпанците кои го следеле Колумбо го раселиле населението од островот. Најголемиот дел од населението било однесено во ропство. Лукајаните насекаде низ Бахамите биле избришани поради изложеноста на болести за кои тие немале имунитет.<ref>[http://www.millersville.edu/~columbus/data/art/DUMENE01.ART "Looking for Columbus"]. Joanne E. Dumene. Five Hundred Magazine. April 1990, Vol. 2, No. 1, pp. 11–15</ref> Големите сипаници на кои биле изложени Таино Индијанцијте по пристигнувањто на Колумбо избришале половина од населениото од Бахамите.<ref>[http://www.edweek.org/login.html?source=http://www.edweek.org/ew/articles/1991/10/09/06columb.h11.html&destination=http://www.edweek.org/ew/articles/1991/10/09/06columb.h11.html&levelId=2100 Schools Grapple With Columbus's Legacy: Intrepid Explorer or Ruthless Conqueror?]. Education Week. October 9, 1991.</ref>
[[Податотека:BahamasOMC.png|left|200px|thumb|Карта на Бахамите.]]
 
Бахамите се островска група составена од 29 поголеми острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, воглавно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во [[Атлантскиот Океан]], северно од [[Куба]] и [[ХиспањолаХиспаниола]] ([[Хаити]] и [[Доминиканската Република]]), северозападно од островите [[Туркс и Кајкос]] и југоисточно од [[САД]]. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 километри квадратни со вкупно население од околу 330.000 жители. Најблиски острови до САД се Бимини, кои се познати како портата на Бахами. Најисточен остров од Гранд Бахама е Абако, додека најјугоисточен е островот Инагва. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати населени острови се Елеутера, Кет, Лонг Ајланд, Сан Салвадор, Крукед, Ексума и Мајагвана. Главниот град на државата, Насау, се наоѓа на островот Њу Провиденс. Сите бахамски острови се ниски и рамни, со висини не повисоки од 15 до 20 метри. Највисока точка на Бахамите е Алвернија со висина од 63 метри и се наоѓа на островот Кет.
 
Климата на Бахамите е [[Суптропска клима|суптропска]] и [[Тропска клима|тропска]] и воглавно зависи од [[Голфска струја|Голфската струја]], која има влијание особено во зимскиот период.<ref>[http://www.eoearth.org/article/Bahamian_dry_forests Location and General Description] Bahamian dry forests, The Encyclopedia of Earth</ref> Исто така, струјата има значителен удел на климата во летниот, есенскиот и пролетниот период кога има појави на урагани. До денес нема запис и нема пријавено многу ладни температури и најмногу може температурата да падне до 2 или 3 степени. Во јануари [[1977]] година бил забележан пад на [[снег]] помешан со [[дожд]],<ref>[http://www.islandnet.com/~see/weather/almanac/arc2002/alm02jan.htm The Weather Doctor]</ref> кога температурата била од 4 до 5 степени.<ref>[http://www.esl.lsu.edu/quicklinks/publications/pdfs/thermalhistory.pdf Walker, N.D., Roberts, H.H., Rouse, L.J. and Huh, O.K. (1981, November 5). ''Thermal History of Reef-Associated Environments During A Record Cold-Air Outbreak Event''. Coral Reefs (1982) 1:83-87]</ref>