Кристофер Колумбо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 36:
Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на [[12 октомври]] од морнарот [[Родриго де Триана]] (исто познат како Хуан Родригез Бермехо) на бродот „Пинта“.<ref>Клементс Р. Маркам, изд., ''[http://books.google.com/books?vid=OCLC03615973&id=HHIMAAAAIAAJ&pg=PA35 Дневникот на Кристофер Колумбо (за време на Неговото Прво Патување, 1492-93)]'', Лондон: Општеството Хаклујт, 1893, стр. 35.</ref> Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните [[Бахами]]), и покрај тоа што домородците го нарекувале [[Гуанахани]]. Сè уште не се знае кој од бахамските острови бил островот на којшто Колумбо се истоварил. Претпоставките се [[Самана Ки]], [[Плаја Ки]], или [[Сан Салвадор]] кој во 1925 бил наречен така бидејќи се верувало дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, [[Лукајанци]]те, [[Таини]]те, или [[Араваци]]те биле мирољубиви и пријателски расположени. Колумбо ги надгледувал домородците и како тие живееле.
 
Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на [[Куба]] на [[28 октомври]] а подоцна, на [[5 декември]] и на северниот брег на [[ХиспањолаХиспаниола]]. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „[[Ла Навидад]]“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција.
 
На [[5 јануари]], [[1493]], Колумбо запловил накај дома преку [[Азори]]те. Пловел низ силни ветришта и поминал низ силна олуја. Откако го напуштил островот Св. Марија во Азорите, Колумбо се упатил кон Шпанија, но, уште една олуја го принудила да се упати кон [[Лисабон]]. Се вкотвил веднаш до патролниот брод на кралот на [[4 март]], [[1493]] каде што дознал дека 100 бродови ги снемало во олујата. Кралот на Португалија, [[Жуао II]] не бил во Лисабон, па Колумбо му напишал писмо и чекал на одговор. Кралот побарал да се најдат во Вале до Параисо (северно од Лисабон). Некои историчари тврдат дека Колумбо намерно се истоварил во Португалија.