Диона (месечина): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Диона''' — месечина на [[Сатурн]] откриена од страна на [[Џовани Доменико Касини|Касини]] во 1684. Името го добила според титанката [[Диона]] од [[грчката митологија]]. Позната е и под името '''Сатурн IV'''.
 
Диона е најоддалечената месечина во системот од [[Сатурнови прстени|прстени на Сатурн]], но не и единствена во надворепниот дел на прстенот Е. Уште две месечини, [[Елена (месечина)|Елена]] и [[Полидевк (месечина)|Полидевк]], се движат по истата [[орбита]]. Хелена е 60° пред Диона, а Полидевк е 60° зад неа. Елена била откриена во март 1980 година. Полидевк го открил „[[Касини-Хајгенс|Касини]]“, 24 години подоцна, веднаш откако сондата пристигнала на Сатурн. [[Џовани Доменико Касини]] ја открил Диона во 1864 година, истиот ден кога ја открил и [[Тетида (месечина)|Тетида]]. На Диона има многу повеќе карпи во смесата од мраз и карпи во однос на другите месечини (повеќе има само [[Титан (месечина)|Титан]]), па затоа е втора најцврста месечина на Сатурн. Нејзиниот состав покажува дека на месечината имало тектонски активности и обновување на површината. Таму има [[гребен]]и, [[долина|долини]] и амбиси. Има и [[кратер]]и кои во некои области се многу почести отколку во други - на пример, предната страна има повеќе кратери отколку задната страна. Најголемито кратер има пречник над 200 километри. Површината на Диона, исто така, има и сјајни пруги. Овие пругави облици имаат тенки, сјајни, [[лед]]ени линии.
 
== Користена литература ==