Тешка индустрија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Тешка индустрија''' — [[стопанска дејност]] која подразбира [[индустрија|индустриско]] производство на големи и [[тежина|тешки]] добра. Тука спаѓа изработката на [[тешка машинерија]], големи [[машински строј|машински строеви]] и огромни зданија од значајни размери, што се одликува со многубројни и сложени процеси. Поради овие чинители, тешката индустрија подразбира поголема [[капитал]]на интензивност отколку [[лесна индустрија|лесната индустрија]] и поголема [[економски циклус|цикличност]] во поглед на [[вложување]]то и [[вработување]]то.
 
Уште од почетокот на [[Индустриска револуција|Индустриската револуција]], главни тешки индустрии биле [[Превоз|превозот]] и [[Градежништво|градежништвото]], заедно со придружното снабдување со производствени залихи. Од средината на XIX до почетокот на XX век, типични примери за ваквата индустрија биле [[челичарство]]то, производството на [[артилерија]], [[локомотива|локомотиви]], [[машинство]]то и потешките видови на [[рударство]]. Од крајот на XIX до средината на XX век се развиле [[хемиска индустрија|хемиската]] и [[електрична индустрија|електричната индустрија]], каде тешката и лесната индустрија играле подеднаква улога; такви примери се [[автомобилска индустрија|автомобилската индустрија]] и [[авиоиндустрија]]та. Современата [[бродоградба]] (која користи челик место дрво) се смета за тешка индустрија. Ваквите дејности исто така подразбираат големи системи со примена во [[градежништво|изградбата]] на [[облакодер]]и и големи [[брана|брани]] во периодот по [[Втора светска војна|Втората светска војна]], како и изградбата на големи [[ракета|ракети]] и џиновски [[ветерна турбина|ветерни турбини]] во текот на XXI век.
 
==Како економска стратегија==
Ред 11:
 
==Во урбанистичкото зонирање==
Тешката индустрија често има посебно место во месните уредби за [[зонирање]]. Планирање им овозможува на ваквите фабрики да бидат однапред сместени онаму кадешто ќе имаат најмало штетно влијание врз [[Животна средина|околината]], а складност со [[Инфраструктура|инфраструктурата]] и [[Трудова економија|трудовите]] потреби. На пример, при изградбата на [[депонија|депонии]] често се зама предвид големото [[расходување]] на патиштата кои водат до неа поради постојаното сообраќање на тешки товарни возила до неа.
 
== Поврзано ==