Разлика помеѓу преработките на „Марио Ланца“

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна)
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна))
Дебитирал во операта како Фентон во „[[Веселите жени од Виндзор (опера)|Веселите жени од Виндзор]]“ од Ото Николај, во Тенглвуд на [[7 абгуст]], [[1942]], откако учел кај диригентите Борис Голдовски и [[Леонард Бернштајн]]. Тука Кокоца го прифатил сценското име Марио Ланца, што е всушност машка верзија на мајчиното име. Изведбата била успех и Ланца се прославил како голем талент. Потоа Ноел Штраус од ''[[New York Times]]'' го поздравил 21-годишниот тенор со зборовите дека нему „во денешницата му се малкумина рамни по квалитет, топлина и моќ“.
 
Неговата оперска кариера прекинала со [[Втора Светска војна|Втората Светскасветска војна]], кога бил испратен да служи во Специјалните служби во американската авијација. Се појавил во воените театарски програми ''On the Beam'' и „[[Крилата победа (пиеса)|Крилата победа]]“ додека бил во авијацијата. Се појавил и во филмуваната верзија на второспоменатата (но како непрепознатлив член на хорот).
 
Продолжил со пеење во 1945 на радиопрограмата на [[CBS]] насловена како „Големи мигови во музиката“, каде се појавил шест пати, пеејќи разни арии. Потоа учел петнаесет месеци кај Енрико Розати, па тргнал на 86-концертна турнеја низ [[САД]], [[Канада]] и [[Мексико]] помеѓу јули 1947 и мај 1948 заедно со [[Џорџ Лондон]] и [[Франсес Јинд]]. Во април 1948 пеел во улога на Пинкертон во „Мадама Батерфлај“ во Њу Орлеанс (диригент: [[Волтер Херберт]]) и со тоа се здобил со голема слава. На концертот на [[Холивуд Боул]] бил приметен од студиото [[Метро-Голдвин-Мајер|МГМ]], со кого потоа Ланца потпишал седумгодишен договор. Ова донело пресудни промени за кариерата на младиот пејач.