Вилијам (принц од Велс): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна)
Ред 58:
=== Кралски должности ===
На 21 годишна возраст, принцот Вилијам беше назначен за советник на државата, и ја започна својата кралска должност кога кралицата беше во странство за да присуствува на владината седница за шефови на Комонвелтот во 2003 година, во Нигерија. За својот 21-ви роденден, Вилијам исто така го придружуваше татко му на кралската турнеја во Велс, каде што го посетија Anglesey Food Fair и отворија центар за бездомници во Њупорт. До јули 2005 година, тој беше сам на својата прва турнеја во странство, патуваше во Нов Зеланд, во име на неговата баба во нејзината улога како Кралица на Нов Зеланд, во чест на учествувачите во Втората Светскасветска војна. За 30-годишнината од добротворноста на неговиот татко, The Prince’s Trust, Вилијам и неговиот брат беа интервјуирани заедно за прв пат од Ant & Dec. Во јули 2007 година, принцот Вилијам го придржуваше братучед му од неговата баба Војводата од Кент, кој е претседател на Извидничката асоцијација во Велика Британија, на отворањето на 21-от извиднички Собор, на славењето на стогодишнината од основањето на Извидничкото движење.
Беше речено во 2007 година во биографијата на Тина Браун за Дијана, принцезата од Велс, дека Принцот Вилијам, како и неговиот татко, изрази желба да стане генерал-гувернер на Австралија, иако исполнувањето на идејата се смета за сомнително од страна на тогашниот премиер на Австралија Џон Хауард, кој рече: "Ние веќе подолго време ја имавме прифатено идејата дека лицето кое ќе ја заземе таа функција треба да биде австралиски државјанин".