Букурешт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна)
Ред 19:
Градот бил делумно уништуван од природни катастрофи, и реновиран неколку пати во текот на наредните 200години, бил погоден од чума во 1813-1814 година, бил отргнуван од Отоманската Империја од страна на Хабсбургшката монархија на неколку наврати (1716,1737,1789година) и од страна на Царска Русија (три пати помеѓу 1768 и 1806 година). Бил под [[Руска администрациона контрола]], помеѓу 1828 и [[Кримската војна]], со пауза помеѓу [[Влашката револуција]] од 1848год, која била со центар во Букурешт, и со завземањето на Букурешт од страна на Австриските гарнизони, по повлекувањето на Русите (останале во градот до март 1857). Исто така на 23ти март 1847 година избувнал пожар кој уништил третина од градот, опожарувајќи околу 2.000 зданија. Социјалната разлика помеѓу сиромашните и богатите во тоа време, е опишана од страна на [[Фердинанд Ласал]](Ferdinand Lassalle) како неред.
Во 1861 година, кога [[Влашка]] и [[Молдавија]] се соединија за да се формира [[Кнежевството Романија]]. Букурешт стана новата престолнина на градот, а во 1881година, стана политички центар на новосоздаденото Романско Кралство. Во втората половина на 19от век, поради неговиот нов статус, населението драматично порасна, и нов период на урбанизација започна. Екстравагантната архитектура и космополитанската култура му го донесоа на Букурешт надимакот ,,''Париз на Истокот''” или ,, ''Мал Париз''”, со [[Калеа Викторијеј]] (Calea Victoriei) како [[Шампс Елизе]] или [[Петтата Авенија].
Помеѓу 6ти декември 1916 и ноември 1918 година, беше окупиран од [[Германските]] сили, а престолнината беше преместена во [[Јаши]](Iași). После [[Првата Светска војна]], Букурешт стана престолнина на Голема Романија. Во јануари 1941година, беше центарот на [[Бунтот на легионерите и Букурешкиот погром]]. Како романска престолнина на Силите на Оската, Букурешт претрпе големи загуби во периодот на [[Втората Светскасветска војна]], поради бомбардирањата од страна на [[Сојузниците]], и на 23ти август 1944 година, доживеа државен удар, кој ја приближи Романија до Сојузниците, преживувајќи краток но деструктивен период на бомбардирања од страна на Луфтвафе(Luftwaffe).
[[Податотека:Bucharest in 1927.jpg|thumb|alt=A cartoon centipede reads books and types on a laptop.|Букурешт во 1827 година]]
За време на вледеењето на [[Николае Чаушеску]](1965-1989), најголемиот дел од градот беше уништен и заменет со комунистичка архитектура, особено со апартмаснки блокови. Најдобар пример за овој вид на архитектура е [[Цивилниот Центар]](Centrul Civic), вклучувајќи ја и [[Палатата на Парламентот]] каде што цело едно историско подрачје беше срамнето со земја, за да се направи пат за мегаломанските градења на Чаушеску. На 4ти март 1977година, земјотрес со центар во Вранчеа, околу 135 километри надвор од Букурешт, резултираше со загубата од 1500 животи и уништи многу стари градби. Без оглед на сè, некои историски региони преживеаа и до денес.