Јан ван Ејк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна)
Ред 31:
Како сликар и „''valet de chambre''“ на војводата, Јан ван Ејк бил извонредно добро платен. Тој уште од почетокот добивал огромна плата која следната година била удвоена задно со сите други бонуси кои ги добивал. Друга индикација на тоа дека како уметник и личност тој бил екстремно ценет наоѓаме во [[1435]] во кој војводата објаснува дека доколку Јан го напушти, тој никогаш не би можел да најде рамен на него. Војводата исто така бил и кум на Јановите деца, ја издржувал неговата жена-вдовица по неговата смрт и години подоцна ѝ помогнал на една од Јановите ќерки со финансирањето на нејзинот влез во еден манастир.
 
Денеска Јан ван Ејк е познат по своите слики насликани за приватна клиентела како хонорарна работа како додаток на неговата дворска работа. Најпознати од овие се ''[[Гeнтски олтар|Гентскиот олтар]]'' насликан за Јост Вејтс и неговата сопруга Катерина Борлут. Делото е започнато нешто пред [[1426]] и завршено, макар делумно, до [[1432]]. Овој [[полиптих]] е можеби најимпресивното уметничко дело во Европа денес. Истото сѐ уште се чува на неговата првобитна локација, катедралата [[Св. Баво]] во [[Гент]], [[Белгија]]. Делото има бурна историја, преживувајќи ги иконокластичките бунтови во 16-тиот век, Француската револуција, променливите вкусови кои воделе до распрснување, и грабежите на нацистите. По Втората Светскасветска војна делото било пронајдено во рудник за сол и приказната за неговата реставрација пробудила значителен интерес кај јавноста и многу допринела до напредокот на научните приоди кон сликарството. Не помалку бурна била и историјата на толкувањето на ова дело. Олтарот е изработен не само од Јан, туку и од брат му Хуберт, така што сѐ уште не е сигурно кој насликал што. Некои историчари на уметноста дури и не веруваат дека брат му на Јан воопшто допринел во ова дело.
 
Јан бил исклучок во своето време во тоа што ставал потпис и датум на своите слики, обично на рамката, која во тоа време се сметала за целина заедно со сликата (двете често пати биле сликани заедно). Еден познат исклучок од ова правило е сликата ''[[Портрет на Арнолфините]]'' (Лондон, [[Национална галерија, Лондон|Национална галерија]]) која може да се види погоре, каде Јан на ѕидот во позадината на делото испишал: „''Johannes de Eyck fuit hic 1434''“ (Јан ван Ејк беше овде, 1434). Оваа слика исто така претставува енигма за стручњаците до ден денес, но повеќе распоространети толкувања веќе се отфрлени. Ова не е насликана венчаница, или запис за нечие ветување. Жената не е трудна, бидејќи овој гест со раката се јавува и на други слики од тоа време.