Големата депресија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
[[Податотека:Lange-MigrantMother02.jpg|thumb|Слика на берачи на грав во Калифорнија, во средината е Флоренс Овен Томпсон, мајка на седум деца, стара 32 години во март 1936]]
 
'''Големата криза''' била драматичен светски економски пад којшто ги зафатил речиси сите западноевропски и северноамерикански држави. Почетокот на Големата криза се поврзува со падот на берзата во [[Њујорк]] на [[29 октомври]] [[1929]] година, познат како [[Црн Вторник]]. Кризата имала уништувачки ефекти и во индустриските земји како и во оние кои извезувале суровини за нив. Меѓународната трговија стрмоглаво опаднала, како и личните примања, даночните приходи, цените и профитот. Големите градови низ целиот свет биле особено погодени, особено оние со развиена [[тешка индустрија]]. Градежништвото речиси запрело во многу земји. Земјоделството настрадало поради падот на цените на производите од 40%-60%. Соочувајќи се со опаѓачка побарувачка и без многу алтернативни извори на работа, областите на примарната индустрија (земјоделство, рударство, шумарство и сл.) настрадале исто така.
 
Големата криза завршила во различни земји во различно време: дното на кризата било во раните 1930-ти, а опоравувањето почнало да се чувствува после 1935, а некаде и подоцна. Во многу земји биле развиени државни програми за помош, а речиси во сите земји настанале политички пресврти како резултат на општото незадоволство. Очајните граѓани често се свртувале кон радикалните политички опции - леви или десни, и национални демагози како што биле [[Адолф Хитлер]] во Германија и [[Бенито Мусолини]] во Италија, што било и вовед во [[Втората светска војна]] во 1939.