Мост на Мехмед паша: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 17:
 
==Историја==
[[Мост]]от е изграден во периодот од [[1571]] до [[1577]] година, на местото каде што патот ја поврзувал Босна со [[Цариград]], на реката [[Дрина]] (т.н. „Цариградска џада“). Градењето на мостот било доверено на најголемиот турски градител од тоа време, [[Мимар Синан]], дворски [[архитектура|архитект]] и врвен градител во Царството. Мостот се препишува на [[Мехмед-паша Соколовиќ]], големиот везир на тројца султани (1565—1579) — [[Сулејман I]], [[Селим II]] и [[Мурат III]].
 
За овој мост се знае дека е поправуван околу 1664 година, потоа во 1875, 1911, 1939 и 1940 година. При повлекувањето на Австријците од Вишеград, во 1914 година, уништено е едно окно, а наредната година српската војска при напуштањето на Вишеград, уништила уште едно окно. Мостот бил во таква состојба до 1939 година, кога е поправен. Од 1915 до 1939 година, на урнатиот дел од мостот имало железна конструкција преку која се одвивал сообраќајот. За време на повлекувањето на Германците, во октомври 1943 година, и тој дел бил уништен.<ref>[http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/reportaze/aktuelno.293.html:454842-Objavljena-nepoznata-fotografija-Cuprije-na-Drini Објавена е непозната фотографија на мостот на Дрина („Вечерње новости“, 19 септември 2013)]</ref>
 
Средината на мостот била проширена и набрзо станала популарно место за собирање на луѓето од Вишеград и околината.
Романот на [[Иво Андриќ]] „[[Мостот на Дрина]]“, за кој писателот добил и [[Нобелова награда]] и кој е преведен на бројни светски јазици, базиран е на историјата на овој мост.
 
== Карактеристики ==
[[Податотека:Visegrad bridge by Klackalica.jpg|мини|лево|300п|Мостот на Мехмед-паша Соколовиќ]]