Страшниот суд (Микеланџело): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
ситно дотерување
Ред 20:
| museum=[[Сикстинска капела]]
}}
'''Страшниот суд''' ([[италијански]]: ''Il Giudizio Universale'') — [[фреска]] изработена од страна на италијанскиот [[ренесанса|ренесансен]] сликар [[Микеланџело]], кој го покрива целиот ѕид на [[олтар]]от на [[Сикстинска капела|Сикстинската капела]] во [[Ватикан]]. Фреската претставува опис на [[Второ доаѓање на Христос|Второто доаѓање на Христос]] и конечниот суд од Бог на целото човештво.
 
Изработката на фреската траела четири години помеѓу [[1536]] и [[1541]] година (подготовката на олтарниот ѕид започнала во [[1535]] година). [[Микеланџело]] започнал да работи на проектот дваесет и пет години откако го завршил таванот на СистинскатаСикстинската капела и билимал речиси 67 години кога го завршил. „Страшниот суд“ започнал во времето на [[папа Климент VII|папата Климент VII]], но бил завршен во времето на [[папа Павле III|папата Павле III]].
 
[[Христос]] се наоѓа во средината, и тој гледа како ги раздвојува праведните од десната рака и грешниците од левата страна. Под него лево се грешниците, како и демоните, кои ќе ги мачат засекогаш. На десната страна се гледаат праведниците кои се искачуваат од своите гробови со помош на ангели за да живеат вечен живот на небото.
 
Веднаш до Христос е [[Ева]], а околу него се светци, од кои повеќето умреле од маченичка смрт. Мачениците се насликани заедно со уредите кои ја предизвикале нивната смрт. [[Света Екатерина]] носи дел од тркалото, бидејќи била распната на тркало; [[Лаврентиј Римски]] ја држи решетката на која тој бил испечен жив; [[Свети Себастијан]] има стрели бидејќи неговото тело било прободено со стрела до смрт; [[Апостол Вартоломеј|Свети Вартоломеј]] ја држи сопствената кожа.